ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светската банка предвидува раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто

June 9, 2021 11:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светската банка во најновиот извештај предвидува раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто, следната година растот е проектиран на 3,5 проценти, а во 2023 на 3,4 отсто.

За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 отсто и Србија 5 отсто.

Во 2022 година според најновата прогноза на Светската банка економијата на Албанија треба да има раст од 3,7 отсто, БиХ 3,5 отсто, Косово  и Црна Гора од 4,5 отсто и Србија 3,7 отсто.

Во 2023 година растот на БДП во Албанија е проектиран на 3,7 отсто, БиХ, исто така, на 3,7 отсто, Косово 4,1 отсто, Црна Гора на 3,5 отсто и Србија 3,9 отсто.

Банката во јунскиот извештај „Глобални економски перспективи“ предвидува дека економијата во светски рамки ќе забелижи раст во 2021 година за 5,6 отсто, што претставува најбрзорастечко темпо по период на рецесија во последните 80 години, главно благодарените на подобрувањето на перформансите на неколку големи економии.

– Сепак, многу економии во развој и натаму ќе се борат со пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, оценува Светската банка.

Според Банката, и покрај закрепнувањето, глобалното производство до крајот на оваа година ќе биде на ниво од околу два проценти под проекциите поставени во периодот пред пандемијата.

– Загубите на приходите по глава на жител нема да бидат надминати до 2022 година во околу две третини од економиите во развој, се вели во извештајот.

Банката посочува дека во сиромашните економиите, каде процесот на вакцинација е бавен, ефектите од пандемијата се одразија негативно на напорите за намалување на сиромаштијата и ја влошија несигурноста и другите долгорочни предизвици.

– И покрај тоа што има позитивни показатели за глобално закрепнување, пандемијата продолжува да влијае врз сиромаштија и нееднаквост на луѓето во земјите во развој низ целиот свет. Од суштинско значење ќе бидат глобално координираните напори за забрзување на дистрибуцијата на вакцини и отпишување на долговите, посебно за сиромашните земјите. Како што се намалува здравствената криза, така креаторите на политиките ќе треба да најдат решенија за трајните последици на пандемијата и да преземат чекори за поттикнување на зелениот, еластичен и инклузивен раст, притоа задржувајќи ја макроекономската стабилност, оцени претседателот на Светската банка Дејвид Малпас.

извор: МИА

Next Post

ССК ќе издава меѓународен сертификат „Safety Travel Stamp“

НАЈНОВО

Гувернерот на Оклахома помилува осуденик на смрт неколку часа пред егзекуцијата

November 15, 2025
Хороскоп со Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

November 15, 2025
AI Generated Image

Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk