ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комитетот на министрите на Советот на Европа бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

June 10, 2021 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот на министрите на Советот на Европа, во одлуката донесена за спроведувањето на пресудите во предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија, ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, што се чини, барем делумно, дека претставува поголем проблем на неодобрување од нивните цели, јави дописникот на МИА.

Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за овие прашања до 1 декември 2021 година.

Во својата одлука, Комитетот на министрите на Советот на Европа, по предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија,  најпрво потсетува дека оваа група на случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања (прекршувања на член 11).

Комитетот на министрите во својата одлука ја изразува својата  длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197 при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд.

Во во овој контекст, КМ на СЕ ги покани бугарските власти да го разјаснат постоењето и влијанието на практиката што се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на зруженија од јавен интерес.

Претставниците на 47-те земји членки на СЕ им препорачуваат на властите од Софија да осигурат дека секое ново барање за регистрација на здруженија на жалителите или слични здруженија да се разгледаат во целосна согласност со член 11 од Конвенцијата, во врска со формалните законски барања што мора да се применат пропорционално, предвидливо и конзистентно, на начин, со јасни упатства до апликантите, доколку е потребно, како и во врска со проценката на законитоста на целите на здружението и начините за нивно извршување.

Комитетот на министрите притоа апелира, уште еднаш, бугарските власти да усвојат законодавни или други соодветни мерки споменати во Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197, со цел да и се наметне на Агенцијата за регистрација пошироко и поефективно давање упатства на здруженијата да ги исправат досиејата за регистрација, секогаш кога тоа е објективно можно, повторувајќи го својот повик до нив да се осигурат дека Агенцијата за регистрација ги идентификува сите недостатоци во досието за регистрација, како што налага законот, со цел да им помогне на здруженијата да претстават валидни досиеја.

Забележувајќи го со интерес, како позитивен чекор, писмото од министерот за правда на Бугарија со кое се бара Агенцијата за регистрација да подготви дополнителни упатства за службениците за регистрација и упатства за здруженијата,  и ги охрабрува властите брзо да ги финализираат овие документи и исто така да ги решат неодамнешните тешкотии идентификувани погоре. Комитетот бара од својот Секретаријат да подготви евалуација на финалната верзија на овие упатства и упатства, кога тоа ќе биде достапно. Стразбур, исто така, со интерес ги забележа информациите обезбедени за време на состанокот за создавање на меѓуинституционална работна група одговорна за изготвување патоказ за извршување на пресудите на Европскиот суд и за тековната ревизија на Агенцијата за регистрација и ги покани бугарските власти да обезбедат информации за резултатите од оваа ревизија.

Понатаму, Комитетот на министрите ја изразува својата длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, на здруженијата што имаат за цел „да добијат признавање на македонско малцинство“ редовно им е одбиена регистрација, што се чини, барем делумно, дека има поголем проблем од неодобрувањето на нивните цели.

Во овој контекст, КМ на СЕ ги повика властите од Софија  да ја пренесат пораката, на високо ниво, до засегнатите страни за барањата за извршување на овие пресуди, како што е дефинирано во одлуките на Комитетот на министри, особено дека на овие здруженија треба да да не им биде одбиена регистрацијата или да бидат распуштена од причини критикувани од Европскиот суд во врска со нивните цели.

На крајот Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за сите горенаведени прашања до 1 декември 2021 година, демонстрирајќи конкретен напредок во решавањето на долгогодишните и постојани проблеми во извршувањето на овие случаи. Комитетот одлучи  да продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од ова група на предмети за време на состанокот во март 2022 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk