ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Шахпаска на панел дискусија „Телесна автономија-основа на човековите права“: Унапредувањето на човековите права, вклучително и сексуалните и репродуктивните права на жените е наша заложба на која посветено работиме

June 10, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Од Самитот во Најроби до денес, како Влада на Република Северна Македонија направивме сериозни исчекори. Меѓу главните постигнувања би ја издвоила борбата против дискриминацијата. Парламентот го усвои Законот за заштита и спречување на дискриминација и тоа претставуваше победа на сите граѓани и на еднаквоста. Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација“, рече  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусијата „Телесна автонимија-основа на човековите права“, како осврт на исполнувањето на заложбите на  Владата на Република Северна Македонија  којашто се обврза за телесната автономија преку една од нејзините клучни области, родовата еднаквост. Ова  обврзување беше потврдено преку усвојување на националните заложби на Самитот во  Најроби во 2019 година.

Целта на настанот беше да се зголеми интересот, размислувањата и да се  промовираат акции за телесната автономија и сексуалното и репродуктивното здравје, за  унапредување на правата на жените и на девојчињата, на семејствата, заедниците и на нациите, а во пресрет на јунскиот Форум за генерациска еднаквост, што ќе се одржи во

Париз. Панел дискусијата беше во организација на УНФПА, а во соработка со Министерствота  за труд и социјална политика и  здравство, Амбасадата на Франција, Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и други партнери.

Во насока на исполнување на заложбите од Самитот во Најроби министерката како мошне значаен го посочи Законот за спречување и заштита од насилство врз жените, вклучувајќи го и семејното насилство.

„Законот јасно ги дефинира сите видови на родово базирано и останати видови на насилство врз жените. Но исто така ова е Закон којшто нуди мерки за превенција, постапување и заштита на жртвата преку координиран и институционален пристап“,рече министерката Шахпаска.

Притоа, таа го посочи и концептот на Владата на Република Северна Македонија ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ кој што подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакви права, на човечки, социјален, економски и културен развој, како и еднакво учество во граѓанскиот и политичкиот живот. Концепт кој не’ прави лидери во регионот.

 

„ Кризата со Корона вирусот нè успори во работите, но во никој случај не нè обесхрабри. Напротив сега сме уште повеќе мотивирани да ги исполниме нашите заложби и да обезбедиме сексуално и репродуктивно здравје и права за сите, да ги охрабриме девојките и жените, да обезбедиме родова еднаквост без никој да остане изоставен, осигурувајќи права и избор секому“ , истакна министерката.

Таа порача дека подготовката на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година со која се предвидуваат активности кои се однесуваат на сузбивање на стереотипите и предрасудите, превенирање на родово базирано насилство, унапредување на статусот на жените во сите области на приватниот и јавниот живот е потврда дека  Министерството за труд и социјална политика  посветено работи на воспоставување на родовата еднаквост на едно повисоко ниво во нашата држава.

Исто така, потенцираше министерката,  подготвена е работната верзија на новиот Закон за родова еднаквост. Целта на овој закон е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, додаде таа.

Министерката потенцираше дека подигањето на свеста за родовата еднаквост во општеството треба да започне од најрана возраст. Во таа смисла е и  новата Концепција за образование која ќе овозможи вклучување на родовата перспектива во обуката на наставниците, реализирање на наставни содржини без родови стереотипи, пристап кој е родово сензитивен и повикува на критички однос кон родовата нееднаквост.

 

„Република Северна Македонија продолжува да работи на унапредување на човековите права, вклучително и сексуалните и репродуктивните права на жените, како предуслов за општество втемелено на демократски принципи“, порача министерката Шахпаска на крајот од своето обраќање.

 

Next Post

Царовска: Средните стручни училишта забрзано се модернизираат и стануваат интересни за младите

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk