ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Има невообичаено зголемена активност на земјите на ЕУ за почеток на преговорите

Но остануваат разликите со Бугарија, вели Османи.

June 12, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не може да каже точно каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ и дали Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата, оти остануваат разликите со Бугарија. Тој потенцира дека сите разговори се по однос на португалскиот предлог.

– Очигледно и вие забележувате една невообичаена зголемена активност од сите земји членки и едно јасно искажување на ставот. И не само од претседателот Макрон, меѓутоа и од други официјални лица на земјите членки на ЕУ дека прашањето на кредибилитетот на европската идеја во регионот се сведува на Македонија. Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина се создава сомнеж во регионот колку е веродостоен овој проект. Мислам дека тоа го чувствуваат земјите членки, јавно ја вреднуваат нашата работа, нашите постигнувања со квалификации коишто се невообичаени од типот дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од регионот кон ЕУ, меѓутоа остануваат разликите со Република Бугарија. Јас не сум во состојба во моментот да кажам каков ќе биде исходот на 22 јуни, вели Османи.

Тој потенцира дека Владата и на билатерална основа комуницира со Република Бугарија и оти дипломатите на двете држави се обидуваат да ја организираат втората меѓувладина комисија, да го договорат акцискиот план и патоказот ако евентуално има договор.

– Тоа е едниот пат којшто го работиме на билатерална основа. А вториот е, се разбира, единствениот предлог на маса – португалскиот предлог којшто ние сметаме дека е добра основа за решение. Предлог којшто ги адресира сензитивностите на сите три страни во процесот и се надеваме дека нашиот ангажман на овие две патеки, билатералната и преку предлогот на португалското претседателство, на крај ќе се сведе на едно решение коешто ќе значи деблокирање на европскиот процес, нагласи Османи.

Тој потенцира дека не може да ги крене очекувањата на граѓаните, бидејќи не е јасно дали во Бугарија има политички мандат по однос на прашањето и дали ќе има договор по однос на португалскиот предлог. – Комуникацијата продолжува. Вчера, денес нашите дипломати се на средби и комуницираат по однос на дефинирање на протоколот. Понеделник ќе се видиме со премиерот и со претседателот Радев во рамки на самитот на НАТО. Јас имам средба со мојот колега во Турција в четврток во рамки на самитот, информира Османи, потенцирајќи оти времето до самиот е кратко и секоја минута е битна за да се испорача решение и да се деблокира процесот.

– Меѓутоа, сите разговараме по однос на португалскиот предлог. Предлогот на Португалија предвидува мониторинг од страна на ЕУ на имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 преку патоказ којшто има јасни рокови и институции одговорни за имплементација, а којшто ќе биде мониториран во рамки на Советот за асоцијација и стабилизација, којшто се одржува еднаш годишно, а го водат високиот претставник, во случајот Борел од страна на ЕУ и министерот за надворешни работи, но се присутни сите земји членки и секој заклучок од Советот мора да биде одобрен со консензус од сите земји членки, објасни Османи.

Тој потенцира дека Владата не бега од обврските за исполнување на Договорот за добрососедство и без ЕУ мониторинг, но доколку тоа значи повеќе доверба на Република Бугарија дека имплементацијата ќе биде неповратна и одржлива, тогаш Советот за асоцијација и стабилизација е добро решение, притоа зачувувајќи ги принципите на ЕУ и на нашата земја, дека тоа не треба да биде од преговарачкиот процес и Копенхашките критериуми, не само заради нас туку заради тоа што се воспоставува преседан којшто потоа, утре ќе ги блокира сите земји во регионот.

Османи смета дека прашањето на одложување на европската перспектива на регионот има сериозни геополитички консеквенции.

– Во геополитиката нема вакуум. Секоја празнина некој ќе ја исполни. Ако не ја исполните вие, ќе ја исполни некој друг и затоа мислам дека тој аларм е подигнат сериозно кај сојузниците, кај нашите пријатели коишто се обидуваат да разговараат и со нас и со Бугарија, вели Османи.

Во однос на работата на Историската комисија, Османи вели дека е тоа важна компонента на Договорот за добрососедство и оти досегашните резултати не се за занемарување, но,дека не треба да очекуваме тоа да се заврши за една година./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk