ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зголемен бројот на посети на туристи од регионот

June 12, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Охрид. Фото: МИА

Охрид. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Македонските туристи кои ќе се определат годинава да летуваат во Црна Гора не треба да приложат ПЦР тест ниту антигенски тест, а во случај некој да заболи од Ковид 19 во таа земја, црногорската држава го презема целосното болничко лекување.

Менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ ја претстави актуелната туристичката понуда на Црна Гора како безбедна летна дестинација. Таа ја промовираше богатата туристичката понуда, како и кампањата „Заедно со природата“, која има за цел да го прикаже исклучителното природно и културно наследство на Црна Гора. При тоа изрази здоволство од, како што истакна, големиот интерес на македонските граѓани за летување на црногорската ривиера.

– Црна Гора како мала дестинација е препознаена не само во регионот туку и на европско и светско ниво како омилена дестинација. Препорачана е како една од седумте земји кои треба да се посетат оваа година, а Светскиот сојуз за туризам и патувања ја препорача Црна Гора како сигурна дестинација на глобално ниво. Гостите од Македонија кои ќе дојдат во Црна Гора ќе се чувствуваат безбедно. Туристичките работници се потрудија да се испочитуваат сите здравствено – хигиенски услови. На плажите на лежалките се на дистанца од два метра, а дезинфекција се врши после секој гостин,  вели Чукиќ.

Туристичките организации од Тиват и Будва најавуваат подобрена туристичка понуда и цени на нивото од 2019 година. Во зависност од тоа дали се работи за приватно сместување или хотелски престој цените се движат почнувајќи од шест евра за кревет, односно од 25 евра за соба во хотели со три ѕвезди.

– Годинава Туристичката организација на Тиват подготви кампања „Одмарајте во Тиват“ која нуди можност за резервирање на сметување по поволни цени во апартманите и до 15 јуни цените се од 20 до 25 евра по ден, а од 16 јуни цените варираат од 20 до 60 ева. Ако некој се одлучи да резвира приватно сместување надвор од кампањата цените се движат од 10 евра па нагоре што е диктирано од категоријата на објектот и неговата одалеченост од морето, вели Магдалена Тујковиќ.

Ивана Ребиќ од Туристичката организација на општина Будва вели Будва е сигурна дестинација, бројот на вакцинирани граѓани е преку 30 проценти, а епидемиолошката состојба е стабилна.

– Во Будва сезоната веќе започна, плажите се подготвени, а се подготвуваат и концерти и мали манифестации. Засега собирите кај нас се до 50 луѓе. Се надеваме дека ситуацијата до главната туристичка сезона  ќе биде подобра и поповолна и дека повторно ќе може да уживаме на концертите пред стариот град на Будва, по што меѓу другото сме и препознаени, вели Ребиќ.

И Северна Македонија се промовира како безбедна туристичка дестинација, отворена за сите туристи без какви било рестрикции и без наметнување на барања за ПЦР тестови. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски истакна дека согласно нивното стратешко планирање за закрепнување на туризмот во 2021 година фокусот е на привлекување туристи од регионот со кампањата „Безбедно како дома“.

– Регионот ни е во фокус 2021-та година како и зелените коридори кои што ги имаме и со Република Црна Гора, односно слободно патување на туристите и брзо поминување на границите со мало задржување кои веќе дадоа плод. Во текот на месец мај и во јуни имаме поголем број на црногорски гости во Охрид и во нашите дестинации и очекуваме дека нивното зголемување и во однос на 2019 година ќе биде значително, вели Јаневски.

Се очекува повторно да доминираат домашните туристи, но и туристите од Србија, Црна Гора, Албанија и од Косово, се надева дека за брзо време ќе се овозможи и патување на бугарските туристи во Северна Македонија и назад без ПЦР тестови во нивната матична земја, а најавени се и поголеми тур оператори од Полска, од Холандија, а се надева и од Турција.

– Во 2020-тата само 10 проценти од авионската флота во светот леташе. Се надевам дека 2021-та почнувајќи од почетокот  и средината на јули поголемите тур оператори ќе ги постават своите линии за Охрид и тоа ќе биде голема порака за сите останати дека Македонија е сигурна дестинација од Ковид за лето 2021, вели Јаневски.

Тој потсети дека земјава го доби сертификатот за „Safety travel“ од Светскиот сојуз за туризам и патувања, кој потврдува дека нашата дестинација се придржува кон сите светски протоколи за цивилно патување. Со тоа земјата се приклучи кон повеќе од сто дестинации во светот кои ги краси таа етикета, а, вели, веќе сме во фаза кога и туристичко-угостителскиот сектор веќе ги вади и ги има сертификатите за безбедно патување. Во прилог оди и стабилизирањето на епидемиолошката ситуација во земјава.

Во првиот квартал во туристичко-угостителскиот сектор има зголемување на приходите од 14 проценти, а во буџетот се слеани 72 милиони долари од туризмот во македонската економија споредено со 2020. Очекувањата од претстојната летна туристичка сезона се реализирање на повеќе од два милиона ноќевања со остварен промет во секторот до 300 милиони долари./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анкета: Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат ни што е политика, ниту пак за што протестираат

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk