ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Во мај зголемен број на работни места во ТИРЗ

June 13, 2021 10:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15 проценти во однос на истиот месец од 2020 година. Се очекува ваквиот тренд да продолжи  во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места, информира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Според Деспотовски, имајќи предвид дека, според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, само постојните инвеститори имаат обврска да отворат дополнителни 7.000 нови работни места.

Како што стои во соопштението од ТИРЗ, во однос на извозот, компаниите активни во зоните учествуваат со над 46 проценти во вкупниот извоз на државата. Извозните активности во мај, се подвлекува, достигнаа 251 милиони евра, со што извозот во првите пет месеци од годинава изнесува една милијарда и 307 милиони евра. Оваа бројка, се наведува во соопштението, е за 84 проценти повеќе во однос на истиот период лани, односно 22 проценти во однос на 2019 година.

– Во првите пет месеци од 2021г вкупниот увоз во зоните изнесува над една милијарда и 310 милиони евра и е за 110 проценти зголемен во однос на истиот период лани односно 35 проценти во однос на 2019 година. Само во месец мај увозот во зоните достигна 255 милиони евра, стои во соопштението од директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Поради засилените увозни активности, кои се должат на надополнување на залихите на репроматеријали, како и интензивирање на инвестициите во нови технологии, Деспотовски појаснува дека покриеноста на увозот со извозот во првите пет месеци од 2021 е речиси изедначена.

Во мај 2021 нето извозот е во незначителна позитива од 0,10 проценти односно околу 27 процентни поени подобро од нето извозот на ниво на вкупната економија во државата за периодот јануари – април 2021.

Тој информира дека само во првите пет месеци од годинава се потпишани договори со пет компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра, а со новиот концепт на привлекување инвестиции само во последниве пет месеци ТИРЗ успеа да поттикне интерес кај над 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра и на нови 8.500 работни места.

– Дирекцијата за ТИРЗ неодамна направи и анализа на ефикасноста на една од мерките за привлекување на странски инвестиции – доделување на државно земјиште по субвенционирана цена. Согласно анализата, воведен е нов пристап со кој инвеститорите ќе се поттикнуваат, без дополнителен надомест од државата, да инвестираат во регионите надвор од Градот Скопје. Со оваа нова мерка/пристап, се очекува позитивните ефекти од странските инвестиции да бидат подеднакво достапни за сите граѓани на С.Македонија, стои во соопштението од директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Next Post

Пладневен преглед: СДСМ фаворит на локалните избори, смета Заев, Македонија против Австрија во деби на ЕП, завршува ерата на Нетанјаху

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk