ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: СДСМ фаворит на локалните избори, смета Заев, Македонија против Австрија во деби на ЕП, завршува ерата на Нетанјаху

June 13, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев повтори дека неговата партија е фаворит на локалните избори, затоа што граѓаните и јавноста, како што наведе на Фејсбук, знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ.

Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15 проценти во однос на истиот месец од 2020 година. Се очекува ваквиот тренд да продолжи  во наредните месеци поради тоа што во дел од компаниите веќе се спроведуваат процедури за отворање нови работни места, информира директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Шахпаска за МИА: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме. Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците.

Општина Центар во целост го разбира најавениот протест, отстранетите дрва на улицата „Орце Николов“ ќе се заменат со нови.

Мал број нови случаи од Ковид-19, болниците затвораат дел од капацитетите наменети за ковид пациенти

Шар Планина е едно од непроценливите богатства на земјава, но беа потребни години за да се стигне до моментот таа да биде прогласена за Национален парк, со што конечно ќе биде заштитенa нејзината скапоцена природа.

Шар Планина (фото: МИА)

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат.

Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука на грчката Влада во која актуелните правила се продолжени за уште една седмица, односно до 21 јуни 2021 година

Израел се подготвува денеска да сврти нова страница во својата историја, кога новото парламентарно мнозинство на гласање во Кнесетот треба да ја потврди „коалицијата за промени“ и со тоа да стави крај на владеењето на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е казнет со 108 долари за учество на мотоциклистички настан во државата Сао Паоло, на кој не носеше маска и не ги почитуваше другите превентивни мерки.

Во финалето на Отвореното првенство на Франција, 18-кратниот Грен слем шампион и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со дебитантот во едно финале на ваков турнир, Гркот Стефанос Циципас.

На третиот ден од ЕВРО 2020, дебитантски настап на едно големо фудбалско натпреварување ќе има македонската фудбалска репрезентација. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски попладне со почеток во 18 часот, на „Национална арена Букурешт“ во романската престолнина ќе се соочат со репрезентацијата на Австрија.

Со 11 медали се врати триатлон-тимот на „Триоги рејсинг“ од Скопје од 27. Белградски 11три спринт триатлон, што се одржа вчера на Ада Циганлија. Апсолутен шампион на натпреварот е Иво Јован Димовски (18), кој иако јуниор, успеа со филмски фотофиниш да ги надмудри сите останатите натпреварувачи.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

„Недела на македонски производи“ од утре во Букурешт

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk