ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косовската влада очекува годинава да биде економски најуспешна во последните две децении

June 14, 2021 14:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот министерот за финансии, труд и трансфер, Хекуран Мурати вели дека Владата предводена од Албин Курти очекува оти 2021 година ќе има „најдобри економски перформанси во последните две децении, од аспект на приходите, вработувањето и економскиот развој“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи се на денешната седница на Собранието на Косово, посветена на економската состојба во земјата како последица на пандемијата на Ковид-19, Мурати рече дека единствениот пат за излез од вонредната состојба и за создавање предуслови за закрепнување, беше ставањето под контрола на бројот на заразени.

– Ние на самиот почеток на мандатот ја направивме таа разлика меѓу вонредната интервенција и закрепнувањето. Закрепнување без да се стави крај на пандемијата не може да има, изјави Мурати, нагласувајќи дека, кога пред два и пол месеци дојде на власт оваа влада, во Косово имаше 13 илјади, додека сега има околу 400 активни заболени од Ковид-19.

Претходничката на Мурати на чело на косовските финансии, актуелната пратеничка на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Хикмете Бајрами изјави дека ниту за намалувањето на бројот на случаи на заболени, ниту за економското заздравување, заслугите не припаѓаат на владата на Курти, туку се резултат на мерките на претходната влада, предводена од нејзиниот сопартиец, Авдулах Хоти.

Според Бајрами, видниот пораст на извозот на домашните компании во првите пет месеци на годинава се должи токму на помошта што им ја додели претходната влада, но пред се на фактот дека не се дозволи тие да се затворат.

– Бесмислено е да се гордеете со падот на бројот на заразени, затоа што нема ниедна одлука или мерка за која вие имате заслуга. Ако говориме за мајските бројки, нема таква економска мерка или одлука која ќе даде ефекти за еден месец. Курти го презеде мандатот на 22 март и не знам за каква економска програма зборувате. Ние направивме сé за да не дојде до тотално затворање. Закрепнувањето се случува многу побргу, и од нашите и од предвидувањата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, токму поради мерките кои ние ги донесовме, изјави Бајрами. 

Next Post

Османи-Кааг: Поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија со верба за брзо отпочнување на преговорите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk