ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поради негативни реакции и обвинувања за сексизам откажана Конференција за плодност во Грција

June 14, 2021 12:48
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Откако промотивниот спот предизвика бура негативни реакции во Грција, обвинувања за стереотипи и сексизам, а грчката претседателка го повлече покровителството, организаторите денеска решија да ја откажат конференција за плодност и репродуктивна автономија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во спотот за конференцијата под наслов „Ограничувања и опции“, претставена е жена која има над 40 години, но сè уште нема деца, а коментарот е дека заедно со роденденската торта на која првата бројка од свеќите е четворка, „почнува отчетот, не за она што го направи, туку за она што требаше да го направиш“.

-Одеднаш сфаќаш дека оваа четворка пред двоцифрениот број на години, не ти дозволува да станеш мајка, објавија организаторите во видео спотот, кој предизвика негативни реакции во Грција во текот на викендот и експресно беше повлечен.

Реакциите беа во насока дека станува збор за конференција на која поголемиот број од учесниците се мажи и претставници на црквата.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повлече покровителството на конференцијата, а надлежниот министер соопшти дека и државната новинска агенција АНА-МПА и државната телевизија ЕРТ го повлекуваат спонзорството.

Реакции имаше и од грчките партии.

Паралелно и низа познати грчки личности кои беше предвидено да учествуваат, го откажаа нивното присуство, со коментар дека не им било објаснето за што точно се работи.

Организаторите, преку соопштение ја откажаа конференцијата што требаше да се одржи на 1 и 2 јули во грчкиот град Јанина и коментираа дека пораката од спотот била погрешно протолкувана.

Next Post

Маричиќ: Отпор кон модернизација не треба да има, онлајн судењата ќе бидат поефикасни!

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk