ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Во младите е иднината. А, што правиме со сегашноста?

June 14, 2021 11:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Врнеше седум дена без престан, имав некој вид на млитава депресија, огромно незадоволство и речиси непостоечка волја за било што. Се појавив на сеансата по Психологија на комуницирање од иста причина како и сè друго што правев тој период – затоа што морав. Психологот нѝ претстави игра во којашто требаше да учествуваме сите, а потоа да ги споделиме своето искуство и импресии. Правилата беа едноставни: требаше во наредните седум дена да не кажеме ниту еден негативен коментар. Веднаш ми текна дека последниве денови немаше утро, а да не си кажам: „Преку глава ми е грдиов дожд, тмурново време, калливи улици и чадори“. Навистина беше предизвикувачки да се воздржам од негативни коментари. Јас сум мрчатор, си велев. Нагласување на негативни работи е дел од мојот стил на живеење!

Со оглед на тоа што со лажењето сум на исто како со паралелното паркирање (невозможна мисија), знаев дека ќе мора, во најмала рака, да се обидам да го исполнам предизвикот. Работата со тоа да не смееш да кажеш ништо негативно 7 дена е во тоа што кога еднаш ќе почнеш да ги блокираш мислите на незадоволство, оставаш простор единствено за позитивни критики и изјави. Таа недела научив дека всушност го сакам мирисот на дожд во пролет, си купив гумени чизми и кабаница (збогум чадору!) и кога одев по улица бев како мало дете – немаше вирче во коешто не шлапнував.

Наместо да се жалам дека доматот не е сочен и има вкус на пластика, го коментирав вкусното сирење и топлиот леб што го купив од блиската пекара. Научив да ги преформулирам речениците; наместо: Колку пати ти реков да ја исчистиш кујната и да не ја оставаш во хаос?!, велев: Еј, мислам дека би било супер кога би ја исчистиле кујната. Ќе ми помогнеш?. Овие навидум ситни и неважни навики ја имаат моќта да го променат светот.

Во книгата на Рафаела Жордано, „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ прочитав една кратка басна којашто ми остана во мисла. Приказна за човек што оди да побара некој мудрец за да учи кај него.

  • Кажете ми, бидејќи сте многу мудар, што има во вашиот ум?
  • Во мојот ум има две кучиња: едно црно и едно бело. Црното куче е куче на омразата, на лутината и на песимизмот. Белото е куче на љубовта, на великодушноста и на оптимизмот. И постојано се борат.

Човекот останал зачуден.

  • Две кучиња што постојано се борат?
  • Да, практично цело време.
  • И кое победува?
  • Она што повеќе ќе го нахранам.

Минатата недела ја имав честа да бидам дел од панел дискусијата којашто ја организираше ЦИВИЛ, а темата беше „Младите и европските вредности“. Неслучајно го споделив моето искуство со предизвикот да не кажам ништо негативно и ефектите што произлегуваат од тоа. Неизмерно сум среќна бидејќи на оваа дискусија, којашто е и тоа како скокотлива и отвара широки фронтови за критика и негативни коментари, сите го практикувавме правилото „Пробај да не кажеш ништо негативно“. Сосема случајно и без никаков претходен договор помеѓу нас, панелистите, зборувавме за тоа каде сме, но нашето внимание беше насочено и кон тоа каде треба и можеме да се движиме. Наместо да кукаме за тоа како на некои таму во Европа им е подобро, дискутиравме за тоа колку ние, младите во Македонија имаме напреднато во изминативе години.

За да ги промениме работите на подобро, најпрво треба да се „европеизираме“ самите себе. На крајот на краиштата, нека не ни биде цел да станеме дел од некоја заедница. Доволно е да целиме кон тоа да создадеме здрави и позитивни вредности. Наместо „Образовниот систем ни е ужасен, само ‘врскаџии’ успеваат и секој гледа да избега во странство“, ајде да почнеме да велиме: Треба многу да се работи за подобрување на образовниот систем, ајде да се стремиме кон тоа а во меѓувреме да ги користиме предностите на интернетот; да се интересираме и информираме за работите коишто нè засегаат, да бидеме ненаситни кога станува збор за доедукација, учење нови работи, вложување во своето знаење и образование. Ајде да бидеме гласни за работите што нè засегаат и свесни за тоа колкава е нашата моќ. Можам да успеам и дома, во мојата татковина. Ќе биде потешко, но не е невозможно. Глобализацијата отвара бројни можности, опкружен сум со квалитетни млади луѓе со кои можам да се борам и да растам. Барем знам дека ќе бидам свој на своето, ќе зборувам на мајчин јазик и ќе се борам рака до рака со моите другари и сограѓани.

На панел дискусијата зборував за тоа колку сум горда што ние младите секојдневно рушиме стереотипи и генерализирања од типот на „Тука нема иднина за младите и амбициозни луѓе“. Зборував и за тоа дека во мојата глава, одамна ги срушив ѕидовите меѓу државите. Не сакам да дозволам географските координати да го предодредат моето место во светот. Ова е ерата на бесконечни можности за секој кој е гладен за просперитет. На панел дискусијата дојдовме до заклучок дека во секој од нас има потенцијал за успех, а култивирање на позитивни (или, ако сакате, европски) вредности значи дека секојдневно ќе му даваме повеќе храна на белото куче во нас, и тоа ќе победува.


Текстот е личен став на авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рубио ќе биде претставник од САД на разговорите в четврток во Турција меѓу Украина и Русија

May 13, 2025
Широк Сокак, Битола. Фото: А. Блажевска / Независен

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет, одлучи Владата

May 13, 2025

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk