ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Ги разбивме сите лаги за поскапувањето на струјата, дури и онаа од шефот на опозицијата

June 16, 2021 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ги разбивме сите лаги, дури и од шефот на опозицијата, дека ќе има 18 или 19 отсто поскапување на струјата сега, во јуни и јули. Тоа не е точно. Поскапување на струјата за домаќинствата нема да има до крајот на 2021 година, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, државата ќе го намали ДДВ-то за струјата за да биде производството поевтино, што, пак, ќе биде вид гаранција дека поскапување нема да има.

За да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти, истакна Заев и додаде дека од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година ДДВ-то ќе биде пет отсто, од 1 јули 2022 до 1 јули 2023 година 10 проценти, додека од 1 јули 2023 година повторно ќе се врати на 18 отсто.

-Државата преку намалување на ДДВ-то овозможува ЕСМ да произведува и продава струја која е 50 отсто поевтина од берзанската. Всушност, со намалувањето од 18 на пет проценти, практично го субвенционираме зголемувањето што го бараат енергетските компании. Разликата од намалувањето од 18 на пет отсто останува на ЕСМ со конечна цел – да ги заштитме граѓаните зашто од кризата се погодени сите домаќинства. Најпогодени се секако најсиромашните и затоа државата е тука. Првата интервенција е намалување од 18 на пет отсто на ДДВ-то од 1 јули до 1 јули 2022… Значи, имаме двегодишен транзицски период кој е во рамки на државната енергетска стратегија, но истовремено и акумулирање сериозни средства во еколошки фондови, објасни премиерот.

Тој потенцира дека со намалувањето на ДДВ, Владата испрати јасна порака за поддршка на ЕСМ во однос на цената на струјата за да ги заштити граѓаните.

-Тоа апсолутно ја става ЕСМ во позиција да формулира цена која нема да предизвика поскапување на струјата заради производствена цена на ЕСМ. Но, секако, Регулаторната комисија е таа што носи конечни одлуки, а тие зависат од дргутие чинители кои учествуваат во составувањето на продажната цена на струјата. Можам да потврдам дека заради ЕСМ и МЕПСО нема да има покачување на цената на струјата. Убеден сум дека нема да има покачување на струјата од тие причини, од државните компании и од тоа што на плеќи го презема државата за граѓаните, за проектираниот период од шест месеци зашто тоа е периодот на излез од кризата. Со оглед дека во крајната цена огромно е учеството на производствената цена и на преносниот систем, убеден сум дека нема да има поскапување на струјата, подвлече Заев.

Кога ќе се случи прв пат поскапување на струјата, земјава веќе ќе има развиени програми за енергетска сиромаштија преку кои, нагласи премиерот, помош ќе добијат најпогодените.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk