Денес во просториите на општина Битола, министерот Шаќири одржа работен состанок со градоначалничката на оваа општина, г-ѓа Наташа Петровска, по што заедно го промовираа центарот ,,Една точка за услуги”.
Средбата се одвиваше во топол пријателски дух каде се дискутираше за проекти кои ги поврзуваат Министерството за информатичко општество и администрација и општина Битола.
Градоначалничката Петровска изрази подготвеност да ја вклучи општина Битола во системот за управување со документи (ДМС), а министерот Шаќири потенцираше дека Министерството за информатичко општество и администрација ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.
За време на состанокот, министерот и градоначалничката се согласија дека меѓуинституционалната соработка уште повеќе ќе се продлабочува во иднина.
На крајот на оваа средба, министерот Шаќири и градоначалничката Петровска заедно го промовираа центарот „Една точка за услуги“ во овој град.