ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Генерален штрајк во Белгија

April 29, 2025 09:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ) денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк поради плановите на Федералната влада за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем.

– Овие владини мерки ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија, се наведува во заедничката синдикална најава за штрајкот.

Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица.

– Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се додава во пораката.

Во рамки на штрајкот предвидени се протестни маршови во Брисел, Антверпен, Гент, Шарлроа, Турне, Ајпен, Вервје, Лувјер, Лиеж и Намур.

Централниот протест ќе се одржи во Брисел. Тој ќе започне во 10 часот од пред железничката станица „Брисел-Север“, од каде демонстрантите ќе се упатат кон плоштадот Монт де Арт, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот е предвидено да се одржи собир на кој ќе се обратат неколкумина синдикални претставници.

За време на претходниот генерален штрајк на 31 март беше блокиран поголем дел од земјата, но на денешниот протест нема да учествуваат вработените во јавните комунални служби и општините, кои се очекува да функционираат нормално, како и во образовниот сектор.

Поради штрајкот се очекува да бидат откажани 30 до 50 проценти од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, додаде останатите слетувања и полетувања се очекува да се реализираат со можни доцнења. Од друга страна, откажани се сите летови од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. На патниците за Скопје им е препорачано да го презакажат патувањето за друг ден, а во случај на неопходност за патување во текот на денов да се пренасочат кон аеродромот во Мастрихт.

Се очекуваат и прекини и застои и во јавниот превоз низ Белгија. Белгиската државна железница СБЦБ/НМБС соопшти дека очекува прекини на железничкиот сообраќај до вечер до 22 часот, додека бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ/МИВН предвидува „сериозни нарушувања“ на автобуските, трамвајските и метро линиите. Операторите за јавен превоз, сепак, информираа дека „ќе работат на обезбедување алтернативни услуги“.

Tags: Белгијаштрајк
Next Post

Новите ЕУ-регулативи неповолни за сопствениците на дизел-автомобили

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk