Викендов во градскиот парк во Струмица се одржа натпревар по танцување Артист Хаб. Децата од повеќе танцови клубови од земјава се натпреваруваа во повеќе категории, меѓу кои: латино, хип-хоп, стрит денс, балет, контемпорари, шоу-денс, синхро-денс…
„Балет магија“ од Пробиштип, балетско студио „Анабела“ од Велес, „Урбан кру“ од Штип, се само дел од танцовите клубови кои се натпреваруваа.
Танцовиот клуб „Данса Латина Стефи“ од Скопје освои дури три први места во категориите: Шоу денс дуо, Латино шоу формација, Латино шоу група и трето место во категоријата „хип-хоп дуо“.
„По долга пауза, огромно задоволство и среќа беше децата да се видат како повторно танцуваат на подиумот“, вели Стефи Сиљановска, сопственичка и инструкторка во клубот.
На натпреварот во Струмица беа доделени и други награди на клубови кои функционираат долги години и учествуваа на овој настан.