ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: Не може со 12.000 денари плата да очекуваме германска работна дисциплина

June 19, 2021 13:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Резултатите од работата во ТИРЗ се видливи, но прашање е дали ќе ни биде поважно да се сликаме со црвени панделки додека сечеме ленти или, пак, ќе покажеме дека сакаме да направиме нешто за целата држава и умееме да придонесеме за раст на платите преку привлекување на квалитетни инвестиции – истакна Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио мрежата Канал 77.

„Повеќе не се претставуваме како земја со евтина работна сила, бидејќи важен ни е секој човек и се стремиме да овозможиме достоинствен живот за секого. Овие промени се препознаени од страна на инвеститорите, па затоа само во првите пет месеци од годинава веќе потпишавме договори со 5 компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра. Исто така, со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, како и нови 8.500 работни места“, потенцираше Деспотовски.

Деспотовски посочи дека Дирекцијата се стреми да привлече компании од различни индустрии и профили што е долгорочен национален интерес и ќе даде отпорност во моменти на кризи како оваа што е предизвикана од коронакризата.

„За успешноста и довербата во новиот концепт кој го воведовме во ТИРЗ говори и фактот што за многу брзо, јавно ќе биде потпишан Договор за инвестиција вредна повеќе од 100 милиони евра. И тоа ќе биде досега највисоката директна инвестиција која се случила од основањето на ТИРЗ во изминативе 20 години. Јас сум човек кој ја базира својата работа исклучиво на резултати и бројки, па оттука слободно можам да кажам дека со паметниот пристап со кој неодамна започнавме резултатите за кои биле потребни 20 години, во ТИРЗ ќе ги постигнеме во период од само 3 или 4 години“, истакна Деспотовски во гостувањето на „Канал 77“.

Огромна важност посветуваме и на рамномерниот економски развој со цел сите граѓани да ги почувствуваат бенефитите од инвестициите, а не тоа да биде случај само за граѓаните на главниот град. Започнавме соработка со општините со цел заедно да креираме подобри услови за сите компании кои сакаат да инвестираат.

„И практично ги изедначуваме условите за државна поддршка за домашните и странските инвеститори. Инвеститор е инвеститор, а разликата дали и колку ќе го поддржиме ја правиме единствено според условите за раст на платите кои ги нуди, како и бизнис планот во делот на добивката, односно колку пари преку даноци и други давачка ќе инкасираме како земја од таа инвестиција. Домашните компании кои имаат потенцијал да инвестираат и да се развиваат треба да ги поддржиме без разлика дали се во ТИР зоните или надвор. И тие вработуваат, обучуваат и учествуваат во вкупниот извоз на државата“, истакна Деспотовски.

Инаку, компаниите во ТИР зоните учествуваат со 47% во извозот, а обемот на економска размена во 2020 година изнесуваше 3,4 милијарди евра. Најголемиот обем на извоз е забележан во 2019 – 3,7 милијарди евра. Оваа година во првиот квартал имаме 84% раст во однос на истиот период лани и според Деспотовски ,оваа година сигурно ќе заврши со 4 милијарди евра. И покрај пандемијата, во компаниите во ТИР зоните работат над 14.000 вработени, а оваа бројка бележи и постојан стабилен раст.

 

Next Post

Масовна ревакцинација на Македонци во Србија

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk