ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери – Бечиќ: Скопје и Подгорица се за добрососедски односи и интеграција во ЕУ

June 21, 2021 17:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на маргините на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 21 до 23 јуни 2021 година во Анталија, имаше билатерална средба со Алекса Бечиќ, претседател на Собранието на Црна Гора.

На средбата Џафери истакнал дека земјите во регионот делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот,  преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка.

-Северна Македонија и Црна Гора ги врзува традиционално пријателство како и  добри политички, културни и економски врски. Членството во НАТО и заедничката европска иднина на двете држави, дополнително ги зајакнуваат меѓусебните односи, нагласил претседателот на Собранието.

Тој го поздравил напредокот на Црна Гора во процесот на интеграција во Европската Унија и ангажираноста на црногорската Влада посветено да работи на ЕУ агендата.

Во однос на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, тој укажа дека очекуваме отпочнување на пристапни преговори со Унијата. Подвлече дека остануваме посветени на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година како добра основа за надминување на разликите. Претседателот Џафери изрази надеж дека во наредниот период ќе се интензивираат контактите и заеднички со рационален пристап ќе се успее да се врати довербата со што ќе се отворат вратите за почеток на пристапниот процес, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Претседателот на Собранието на Црна Гора, пак, истакнал дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, со одржување на редовни политички консултации.  Во однос на економската соработка изразил надеж дека ќе продолжат да се продлабочуваат регионалните односи како основа за поинтензивна економска соработка и пред се подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Соговорниците размениле информации и искуства за процесот на унапредување на парламентарното работење, како и подобрување на транспарентноста и одговорноста во двата парламенти со цел подобро спроведување на нивната надзорна и контролна улогата над владите.

извор: МИА
Next Post

Османи се сретна со амбасадорите на Португалија и Белгија, Пиња и Мерис

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk