ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимоски: Намалувањето на ДДВ-то за струјата е едно од решенијата што ги понуди РКЕ пред една година

June 23, 2021 11:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалувањето на ДДВ-то е едно од решенијата што Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го понуди точно пред една година како можност да се заштитат домаќинствата во самиот процес на либерализација на пазарот на електрична енергија, порачува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ ќе опфатат и проширување и зајакнување на поддршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична / топлинска енергија. Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во процесот на енергетска транзиција -што значи струја од вода, ветер и сонце наместо од јаглен, покажува стратешки пристап во решавање на глобалниот предизвик за намалување на штетни емисии и заштита на животната средина, изјави Бислимоски за МИА.

Самиот факт дека во еден момент настана „клинч” меѓу партиите чиј предлог е намалување на ДДВ- то од 18 на 5 отсто, посочи, за нас е показател дека политичарите, без разлика дали се пратеници, министри или функционери на партии имаат доблест да слушнат стручни луѓе во областа кои нудат издржани решенија.

Најави дека Регулаторна комисија за енергетика ќе продолжи да ги афирмира и останатите предлог решенија со цел заштита на потрошувачите.

-Во тек се пресметките за цената на струјата во нашиот дел во кој што ние влијаеме, а тоа е 38 отсто во крајната цена. Децидно повторувам дека нема да се прифати тоа што го бараат компаниите. Во делот што ние го регулираме се земаат во предвид само трошоците кои се поврзани со процесот за производство на електрична енергија, а останатите 62 отсто ќе се додадат по завршување на тендер на Универзалниот снабдувач, на кој ЕСМ има обврска да понуди цена за минимум 70 отсто од потребната количина на конзумот домаќинства, потенцира Бислимоски.

Владата на вчерашната 81-ва седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност (ДДВ) за прометот и увозот  на електричната енергија за домаќинствата треба да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно треба да изнесува 18 отсто.

Според Владата, целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.

Неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими порача дека очекува до 1 јули годинава Собранието да ги  усвои измените и дополнувањата на Законот за ДДВ.

Next Post

Галовеј и Силвестри: И покрај пречките, ЕУ агендата треба да продолжи

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk