На мое големо задоволство денеска се сретнав со македонската атлетичарка, Дрита Ислами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди и го освои првото место, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Во оваа прилика и го честитав големиот успех и ја информирав дека Град Скопје ќе и додели награда во износ од 100.000 денари.
Со Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка неколку години наназад на Атлетскиот клуб Работнички од Скопје, во чии редови последниве години е постојан член наградената наша најдобра атлетичарка на кратки патеки Дрита Ислами, која достојно го презентираше градот Скопје и нашата држава, постигнувајќи го најголемиот успех во македонската атлетика, поставувајќи нов македонски рекорд во атлетската дисциплина спринт на 400 метри со пречки со време 57,53 секунди, со што е највреден резултат во последните 20 години.“, објави Шилегов.