Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ информираат дека на 28 јуни 2021 година (понеделник) ќе се одржи конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“.
Настанот ќе се одржи online преку платформата „ZOOM“, при што ќе биде обезбеден симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик.
На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, како што информираат организаторите, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги споделат своите ставови за тековните состојби поврзани со спротивставување на напливот на дезинформации и медиумски манипулации преку иницијативи за развој на медиумската писменост, критичкото мислење, проверката на факти и промоција на новинарската етика и стандардите за добро владеење.
Од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, велат дека Конференцијата ќе понуди можност да се слушнат уникатни перспективи и да се учествува во енергични дискусии врзани со предизвиците и можностите во и вон дигиталната сфера.
Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ е финансиски поддржан од Европската Унија, а настанот е поддржан и од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“.
За коплетната агенда и формуларот за регистрација, на следниот ЛИНК.