ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска на средба со агенциите на ОН во земјава: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви можности и ресурси за сите граѓани

June 24, 2021 17:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници  во креирањето  и имплементацијата на  политики и решенија кои имаат за цел  градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани“,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации – UNRCO,OHCHR,UNDP,UNICEF,UNFPA и Светска банка.

Министерката Шахпаска заедно со тимот од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше приоритетите на кои нејзиниот ресор ќе работи наредниот период и нагласи дека од исклучително значење ќе биде стручната експертиза и поддршката што ООН во континуитет ја дава.

Постојаната координаторка на ООН во земјава, Росана Дуџак, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика повеќе од две децении е еден од главните партнери на специјализираните агенции на ОН. Тоа го потврдува и фактот дека 11 од 18 агенции на ООН имаат директна соработка  со  Министерството.

Таа соработка, нагласи Дуџак, ќе продолжи и ја поздрави иницијативата на министерката Шахпаски преку директна координација со ООН да се следи имплементацијата на актуелните проекти, но и да се договара идната соработка.

Министерката Шахпаска нагласи дека целосната инклузија на лицата со попреченост, социјалните услуги, родовата еднаквост, поттикнување и поддршка на вработувањето на најтешките вработливите лица, зголемување на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование  се областите на кои агенциите на Обединетите нации продолжуваат да ги поддржувааат политиките на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска информираше дека ваквите координативни средби ќе станат редовна пракса за унапредување на јавните политики во социјалата и трудот во нашата земја.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

УЕФА го укина правилото за гол во гости

НАЈНОВО

Сите живи заложници на Хамас ослободени по 738 дена заробеништво

October 13, 2025
Фото: СДСМ

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk