ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Не ни треба ЕУ ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и идентитет, нова голема пратка вакцини се очекува денеска, топлотен бран со многу високи температури

June 25, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, нагласи премиерот Зоран Заев на вчерашната собраниска седница на која беа поставувани пратенички прашања. Истовремено од Брисел, по пристигнувањето на дводневниот Европски совет, претседателот на Бугарија, Румен Радев ја забетонира уценувачката бугарска позиција дека брзото движење на Република Северна Македонија кон ЕУ ќе зависи само од дијалогот со Бугарија.

Сто илјади вакцини „Фајзер“ преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во државава. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека задутре во 14 и во 16 часот на аеродромот во Скопје ќе пристигнат 500 илјади дози од вакцините „Синовак“.

Законите за спречување и заштита од дискриминација и заштита и спречување од насилство врз жените и семејно насилство се два круцијални закони кога се работи за човековите права. Наш партнер во креирањето на подзаконските акти и имплементацијата е граѓанскиот сектор, вели Шахпаска. Таа истакна дека за успешна имплементација на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство потребен е еден мултисекторки пристап во процесот на обука.

Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

М. Миткоска

 

Next Post

Шекеринска: Убедена сум дека гласот против блокади се повеќе ќе расте

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk