ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Селата Подмолје и Оровник во Општина Дебарца со денови без вода

June 25, 2021 10:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Топлотниот бран и сушата ги остави „жедни“  жителите на селата Подмолје и Оровник во Дебрца. Со денови немаат вода за пиење и одржување на хигиена. Проблемот е стар со децении, а се повторува секое лето.

Тие се жалат дека доток во чешмите има само во ноќните часови и тоа со намален притисок. Мештаните, раскажуваат дека  сами ја плаќале водоснабдителната мрежа, а постојано немаат вода.

„Еве, повторно лето и ние со  денови сме без вода и сношти и утрово нема ни капка.  Се потиш работиш низ бавча треба да се искапиш, но не можеш“, вели Милчо Софрониески жител на Подмолје.

„Сами плаќавме по 2.000 марки за вода, а постојано сме без вода. Стварно на оваа горештина да немаш вода да се избањаш, тоа е страшно нешто“, вели Спасија Колеска жителка на Подмолје.

„Се соочуваме со проблеми вода нема доволно, проверете сами нема доволно вода“, вели Петре Софрониески жител на Подмолје.

„Секоја година е исто, ќе има овде вода и одма штом се пушти  ќе снема вода“, вели Ристо Атанасовски  жител на Подмолје.

Во селото Подмолје  има вили и  апартмани со базени, кои не можат да сместуваат гости поради недостигот на вода. Жителите гневни, проблеми имаат и со неасфалтирани раксопани улици и осветлување.

„Патот не е направен само во кал газиме зимно време. Плаќаме за ѓубре, за нискоградба и сите даноци. Немаме пристапен пат и нема осветлување“, вели жителка на Подмолје.

„Едниот пат е ископан кога се правеше Водоводот и не го поправија. Тешко е тесно е немаме пристап исто и другиот пат дојдоа се сликаа и си заминаа и еве со години ништо не е направено“, вели Воскресија  Атанасовска  жителка на Подмолје.

Од Општина Дебрца велат од лани, започнале со решавање на проблемот со водоснабдување.

„Станува збор за стар проблем, со детектирани причини: системот уште во старт е граден со аномалии, појава на бројни дефекти и загуби на вода, немање на резервоар за Подмолје, нерационално трошење на водата за наводнување, диви приклучоци, со години не се преземале активности за решавање на проблемот, а бројот на корисници континуирано се зголемувал и др. Го решаваме од минатата година, направена е нова бушотина и бунар за обезбедување на дополнителни количина на вода.  Работите се во завршна фаза  и набрзо се очекува пумпната станица да биде ставена во функција“, вели градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Соња Рилковска

Next Post

Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk