ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Филозофија на слободата

June 27, 2021 15:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Добро, драги пријатели, се договоривме дека во последните 6.000 години светот нема регистрирано погротескна и поинфантилна, побизарна, посмешна и потрагична работа од акцијата со која Бугарија посака од еден соседен народ да произведе месо за потребите на домашната кујна.

Како во месарница.

Добар ден, добар ден…

Свежо македонско, ако се намира, молам…

Да…

Сто тони…

Без коски?

Без коски, освен кокалите на Гоцето Делчев.

Во 2021.

Може ли некој да се сети на слична свињарија во последните 6.000 години?

Не, нормално.

Но, наместо да се занимаваме со риплиевските димензии на бугарското зло, тука сакам да укажам на два или три други аспекта.

Разиграноста со која во тој поход Бугарите одат како деца во берба на попадии по ливадите македонски: Тралала, тралала, как сте, как сте как, мили наши хора, мајка Блгарија пак е с вас, ногу ви обичаме, вие сте цвета на Блгарија.

Аристократија.

Во вас е нашето културно и духовно наследство.

Без вас сме празни како спортска сала за време на корона.

Како глава на просечен македински/бугарски вморон.

Тоа се должи на живковистичките наслаги во културната матрица преку кои Бугарите на Македонија гледаат како на бугарски маченик во србокомунистичкиот казамат на Тито.

Глупости!

Макар што некои тези, особено она за „аристократијата“ и за улогата на Тито во акуширањето на македонската нација, би можеле да ги прифатиме.

Хахаха!

Јас им предлагам да ги отфрлат тие мантри. Ако имаат сериозни намери да нè бугаризираат.

И да направат сериозна студија на Македонија како прв и најважен услов пред да тргнат во лов на Македонците. Затоа што врз основа на така поедноставена и, во основа, неточна слика, носат погрешни одлуки, лошо ги селектираат и лошо ги аплицираат во времето и во просторот.

Со други зборови, се глупираат.

Ако се спремни да платат добро, јас можам да им направам таква магнетна резонанца на македонската стварност.

Таа е покомплицирана, потешка и позаебана за промени кои ќе можат да ги задоволат бугарските претензии дури и со најдобри подготовки на инвазијата.

Но, поважно од прашањето што ќе се случи ако Бугарија не успее дури и со мојата анализа, е прашањето што ако успее. Македонија е гола вода која во допир со бугарската ретка боза се претвора во мочка која од целиот коктел прави непивлив напиток, дури и за мачките.

За кој курац сакате да си ја упропастите бозата. Драги братја. Таа е ретка, ама е бугарска, ако човек си го затне носот може и да ја пие.

Лакан ја врзуваше човековата слобода со темпоралноста: Секој субјект, викаше големиот Жак, мора да умее да се потчини на одлуката која е логична во зависност од некое време за разбирање.

Што ќе рече: Не можеме да бидеме слободни без логичност во односот кон светот и кон себе. И без чувство за времето што ни е оставено на располагање за носење на решение со кое ќе и се потчиниме на логиката на моментот. И, конечно, без спремност да и се потчиниме на логиката.

Многу прост постулат.

И за Бугарите и за нас.

На индивидуално ниво Македонците имаат проблеми со логиката повеќе отколку со времето и со спремноста да се потчинат на решението што е лигично, додека на колективен план најсериозни проблеми имаат со времето и со спремноста за носење на одлуки, но и логиката не им е силна страна.

Тоа се основните причини поради кои не сме интегрирани по хоризонтална линија и што обожаваме да се заебаваме со вертикалата на власта секогаш кога таа не е диктаторска, апсолутна или окупаторска.

Уживаме во ритуалот на смртта.

Мислејќи дека го браниме животот.

Значи ли тоа дека не сме слободни?

Се разбира.

И не само што не сме слободни туку сме заробени во инструментите со кои мислиме дека ја освојуваме слободата.

Идентитетот, да речеме.

Достоинството, националните и државни интереси, јазикот итн.

Сè се тоа ортоми во мрежата во која се самозаробуваме.

Договорот од Преспа е историски акт не по тоа што го заштитил македонскиот идентитет, туку по тоа што ја изрази спремноста на нацијата да не дозволи идентитетот и неговата одбрана да ја ебаваат како сакаат и каде ќе стигнат. Идентитетот ги игнорира решенијата за себе. Спортските коментатори и светската јавност нè викаат Македонци и Македонија не затоа што го читале договорот, туку затоа што ние тоа сме.

Бугарите се позаостанати во освојувањето на слободата во лакановска смисла. Тие се во потежок судир со логиката, со времето и со решението кое ќе ја респектира логиката.

Никогаш нема да бидат слободни додека не се ослободат од Македонија.

Никогаш!

Односно од себе.

Впрочем, како и Македонија.

Од Бугарија и од себе.

Кога така ќе се самоослободиме, ќе бидеме едно во нормалноста.

Историјата не се краде.

Историјата не е Мунк да го симнеш од ѕидот и да го однесеш во ноќта.

Бугарските пријави се лажни.

Меѓународната полицијата утврдила дека нивните архиви, музеи и медиуми се нечепнати. Гоце си е на местото, Јане исто така.

Кој би сакал да го краде оваа срање, коментирале европските инспектори, овие анонимуси, авантуристи, хохштаплери и будали. Најобични обичности. Шарло Акробата, Ченто Металика, Венко, Сирма, Тошо, Павел, и слични ништожници кои од умот на простите наследници скокнале директно ви националните пантеони.

Со што е Бугарија запишана во европската карта на културата?

И Македонија?

Освојување на смислата според Лакан, на опуштеноста според Сјоран и на одјебаноста според Тричковски, тоа е решението.

 


Текстот е личен став на Aвторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ученик во Франција смртно прободе вработена во гимназија

June 10, 2025

Музика од филмови на „Дизни“ на концерт на Филхармонија в петок во Градскиот парк

June 10, 2025

ОЈО ГОКК гони 23 физички и 15 правни лица за штета од околу 90 милиони евра во случајот „Крмзов“

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Падна ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слабиот моќник на Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk