ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Растот на платите, намалената невработеност се показател за успешните економски политики на СДСМ

June 28, 2021 14:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат да инвестираат во човечкиот капитал во сите сектори, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Во тек е исплатата на 5 отсто бонус на платите за месеците март и април на вработените во јавните здравствени установи.

За две недели ќе им биде исплатен и бонусот од 5 отсто за месец мај.

Од септември зголемување на платите ќе добијат медицинските сестри и техничарите кои инвестирале во своето образование по 2015 година, со што ќе се исправи неправдата кон овие медицински лица кои досега не можеа да го валоризираат своето образование преку својата плата.

Покрај здравството, се инвестира и во човечкиот капитал во безбедноста. На 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.

Одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат платите постојано да растат, а невработеноста постојано да опаѓа.

Просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари.

Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

И во време на пандемија, на светска економска и здравствена криза, невработеноста не се зголеми. Напротив, денес бележиме историски најниска стапка на невработеност од 16 отсто.

Истовремено, во последните месеци бележиме силен раст на индустриското производство и извозот, што докажува дека денес македонската економија е стабилна, динамична и конкурентна.

Сето ова почитувани е потврда за успешноста и ефикасноста на економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ.

И не застануваме тука. Продолжуваме со навремени, ефикасни мерки и политики што обезбедуваат економски раст и повисок животен стандард.

Официјални податоци потврдуваат дека СДСМ ја има најдобрата понуда за македонската економија, најдобрата понуда за државата.“, рече Костадинов.

 

Next Post

Марш на гордоста и зошто му е потребен на македонското општество

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk