ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

June 28, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

На 13 јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра – заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Од МЖСП, брифираат дека во тек е и постапка за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија за влијанието врз животната средина и дека до 2022 година се очекува да се започне со изградба на инфраструктурата за регионални депонии во Полог, Јужниот и Северозападниот регион.

Во оваа фаза ќе се гради само инфраструктура за самите депонии, како и набавка на камиони за собирање на отпадот, додека во втората фаза според планот, се предвидува и обезбедување на услови за преработка и селекција на отпадот.

За средствата од најавената еколошка такса, од МЖСП велат дека ќе бидат наменети за инвестирање во обновливи извори на енергија во ЕСМ, како и мотивирање на граѓаните за користење почист транспорт преку субвенции за хибридни, плаг-ин и целосно електрични возила. Неофицијално се размислува за субвенционирање од 3 до 4 илјади евра за набавка на вакви нови возила, со цена до 22 илјади евра. Паралелно со ова, би можело и да се се забрани и увоз на возила под Евро 5 стандард.

Проблемот со ниското ниво на водата на Преспанското Езеро ќе се разговара на високо ниво во рамки на првата Преспа трилатерална средба, што треба да се одржи оналјн меѓу минисртите за животна средина од Северна Македонија, Албанија, Грција и претставник од ЕУ. Идејата, како што информираа на брифингот, е да се изработи акциски план за заедничко менаџирање Преспанското Езеро. Сето ова е во рамки на Договорот за Преспа парк од 2010 година.

За надминување на проблемот со УНЕСКО за Охридското Езеро, од МЖСП брифираат дека се работи на привремена заштита на Студенчишко блато, репрогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и дека се бараат средства за изградба на канализација во Радожда и чистење на Сатеска Река.

Од МЖСП посочуваат дека во Собранието се наоѓаат вкупно 16 закони, кои се предложени од ова Министерство, од кои едниот е во собраниска процедура веќе цели 18 месеци. Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, во таа насока, од МЖСП, брифираат дека се очекува во Собранието да биде изгласан во текот на оваа недела.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk