ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Клучот за ефикасна борба против корупцијата е беспрекорна комуникација и координација, оваа Влада обезбедува силна поддршка за институциите вклучени во борбата против корупцијата

June 28, 2021 17:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, учествуваше на конференцијата „Соработка на институциите во борба против корупцијата: Научени лекции и унапредување на соработката“ во организација на Транспаренси Интернешанал – Македонија, а со поддршка од УСАИД.

Целта на проектот е зајакнување на владеењето на правото и транспарентноста преку соработка   помеѓу институциите, преку обезбедување на техничка помош и зајакнување на капацитетите и соработката помеѓу Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија како надзорни тела и Академијата за судии и јавни обвинители која ги обучува идните судии и јавни обвинители, како институции одговорни за спроведување на истраги и процесирање на предмети.

На конеференцијата беше истакната важноста за заеднички акции и соработка, преку искористување на меѓународните искуства. Вицепремиерот Николовски во своето обраќање, ја истакна важноста и потребата од беспрекорна координација, соработка  и усогласување со сите институции за подигнување на борбата против корупцијата на врвот на листата на приоритетите.

„Особено е корисно кога се повеќе чинители ќе бидат координирани и напорите ќе бидат зголемени во борбата против корупцијата. После многу координации, за кои денес повторно гледам дека се главна тема, ги детектиравме сите слабости и сите проблеми на некомуникација, на некоординација, на неповрзаност, на немањето размена на информации. Детектиравме појави кои, 30 години, никој не се нафатил да ги реши, односно да ги воспостави тие механизми на соработка и комуникација.“ – истакна Николовски, забележувајќи дека со завршувањето на процесот на дигитализација целосно ќе бидат надминати детектираните празнини.

Вицепремиерот Николовски потенцираше дека со целосно дигитализирање на процесите, меѓусебно електронско поврзување на институциите за размена на информации преку платформата Интероперабилност, граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги, без непотребни чекање на шалтери, изговори дека недостигаат одредени документи, и чување предмети во фиока. Сите  1304 институции од јавниот сектор преку платформата за Интероперабилност и поврзување со Централниот регистар на насление,  ќе имаат пристап до точни информации за сите граѓани, што се потребни за од една страна за услугите на граѓаните, а од друга за брзи процеси на институциите

На настанот, беа споделени и меѓународни практики за воспоставување на успешна меѓуинституционална соработка кон поефикасна борба против корупцијата од страна на претседателот на работната група на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Драго Кос. Воедно на настанот свои излагања имаа и претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија, Слаѓана Тасева, директорот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Горан Лазаревски, директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска и Владо Георгиев, потпретседател на  Државната комисија за спречување на корупција.

Next Post

Царовска: Подготвени сме од септември да ги вратиме сите ученици во училиште

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk