ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународна научна конференција ,,Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура”

June 29, 2021 14:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делото на Конески и на останатите основоположници на современиот македонски литературен јазик, за жал, често е мета на оркестрирани напади и ирационални негирања. Станува збор за атак врз нашиот јазичен и културен идентитет пред кој ние не можеме и не смееме да останеме неми набљудувачи, рече претседателот Стево Пендаровски на отворањето на меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура”, која денеска и утре ја организира Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Пендаровски порача дека фактите и научната верификација на меѓународно ниво одат во наш прилог, не оставајќи простор за импровизации и политички интерпретации.

– Во годината во која го чествуваме раѓањето на Блаже Конески, треба да биде присутно сознанието дека сме имале за наш современик личност која е единствена во своето слово, во својата мисла, со својот професионален, творечки и научен капацитет, но, не помалку важно, и со својот човечки интегритет. Конески претставува синергија на древното и на современото, врв од кој може да се види огромната ризница на нашето современо, но и наследено културно богатство. Чест ми е што сум покровител на низа настани со кои ќе се обидеме барем делумно да му се оддолжиме на Конески за сето она што го направи за нашата култура, книжевност и јазик, рече претседателот Пендаровски.

Нагласи дека ваквите меѓународни конференции се најдобар начин за враќање на фокусот кон книжевните историчари, теоретичари, лингвисти, филолози и кон сите оние кои, како што рече, разбираат и знаат, наспроти произволните толкувања.

– Да се има грижа кон книжевното културно наследство, да се негува меморијата за континуитетот на мислењето обликувано низ книжевните форми и записи, значи да се архивира секоја социокултурна специфика на едно национално милје, но, пред се, значи да се има посебен однос кон сопствените корени…Богатството на културните идентитети најдобро може да се согледа низ мноштвото книжевни артикулации во светот, а низ тие артикулации се отсликува и развојот на јазичното богатство и наследство. Токму затоа не смееме ниту да помислиме да запреме со одговорното архивирање, но и со постојаното научно, креативно и критичко промислување на контекстите во кои е создавано книжевното културно наследство. Ако тој процес запре, бездруго ќе запре и идејата за творење како културен и општествен процес иманентен на луѓето, истакна Пендаровски.

Според шефот на државата, пограмата на овој научен собир потврдува дека воопшто не треба да стравуваме од евентуалната загрозеност на книжевно-јазичното културно наследство. Притоа тој рече дека „неговата заштита била и ќе биде обмислувана на највисоко научно рамниште, а со современите алатки на дигиталното доба во кое живееме, ќе биде впишано и во софтверот и во хардверот на сегашноста, се разбира, во име на иднината“.

Заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани на отворањето на  меѓународната научна конференција, исто така, подвлече дека грижата за културното наследство е наша заедничка одговорност и обврска и долг да продолжиме со негување на најдрагоцените творби и дела на великанот Конески.

-Токму програмата на овој денешен настан потврдува дека низ различни текстови и со неколку значајни имиња од македонската и европската славистика, ќе го создадеме тој мост на почитување, разбирање и соочување со новите предизвици, рече Шабани.

Еден од најголемите предизвици е зачувувањето на наследството, укажа Шабани, додавајќи дека обврската за негување на творештвото подразбира и негово интегрирање во глобалните трендови на образованието, науката и културата. Затоа, додаде тој, Министерството за образование и наука инвестира во нов кадар, студенти и млади научници како трајно вложување во вистински национални и европски вредности.

– Го подигнуваме квалитетот на образованието на сите нивоа, за да можат и најмалите ученици да го фатат чекорот со своите врсници од светот. Токму во таа насока започнуваме со нова дигитална култура на учење и учебници што ќе бидат мултимедијален спој на наука, национална традиција и знаење, рече Шабани на отворањето на дводневната конференција која е поддржана од Министерството за образование и наука.

Нејзиниото организирање се совпаѓа со два значајни јубилеја – 40 години постоење на Институтот за литература при УКИМ и 100 години од раѓањето на втемелувачот на современата македонска филологија, лингвистика, литература и култура, Блаже Конески. Покрај обемната програма на конференцијата, ќе биде промовирана и монографијата „Етичките и аксиолошките аспекти на литературата и културата на 20 и 21 век“.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Yesenia Lara Gutiérrez

Кандидатка за градоначалничка во Мексико застрелан за време на пренос во живо од предизборен митинг

May 13, 2025

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената

May 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на RICK FILE

Мисијата на ОН во Либија повика на деескалација на борбите и нападите врз цивилите во Триполи

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk