Професорката Мирјана Најчевска во објава на Фејсбук, за хомосексуалноста и за што се борат хомосексуалците:
„Ајде уште еднаш за оние кои се многу глупи и кои не можат да разберат од десет пати објаснето:
- Нема посебни права за хомосексуалците. Се бара тие да имаат исти права како и другите.
- Не се работи за тоа кој кому и каде ќе му го стегне, туку за основните човекови права (право на живот, заштита од тортура, право на домување, слобода на движење, слобода на изразување, право на здравствена заштита, право на работа, право на образование, право на семејство, …)
- Хомосексуалец не се станува. Не бираш дали ќе бидеш хомосексуалец или хетеросексуалец. Хомосексуалец се раѓаш.
- Хомосексуалноста е присутна и во животинскиот свет и е многу природна.
- Негирањето и казнувањето на хомосексуалноста е воведено од религијата (прво Христијанството, а потоа и Исламот).
- Хомосексуалноста не е болест, не може да се пренесе и не може да се префати. Или си или не си.
- Испробувањето на различни сексуалности меѓу младите е само откривање на сопствената ориентација. Тие не стануваат нешто заради помодарство или заради друштво туку бираат. Единствено насилни до сега се хетеросексуалците кои ја наметнуваат својата сексуалност на сите други. Наметнувањето го нарекуваат нормалност.“, напиша Најчевска.