ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најчевска: За секоја точка со барања од страна на Р. Бугарија треба да има реципрочно барање од страна на Р. Македонија

June 30, 2021 11:14
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

За секоја точка со барања од страна на Република Бугарија треба да има реципрочно барање од страна на Република Македонија.

Тоа се вика реципроцитет.

Реципроцитетот мора да се примени во билатералното договарање. Во спротивно не е веќе договарање туку облик на ултиматум.

1. Република Бугарија ќе го препознае делот од географскиот регион Македонија кој се наоѓа во рамките на суверените граници на Бугарија, како посебен регион со неговото изворно име “Пиринска Македонија“.

2. Во однос на втората точка, Република Бугарија ќе гарантира спроведување на ратификуваните договори за заштита на националните малцинства на својата територија во однос на сите оние кои себе се перципираат како Македонци, и, извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во врска со случаите поврзани со правата на припадниците на македонското малцинство во Република Бугарија.

3. Република Бугарија да започне процес на рехабилитација на жртвите на сите досегашни режими кои се репресирани на нејзината територија заради нивната македонска самосвест. Во исто време да започне процес на препознавање на македонскиот јазик и негово изучување во рамките на образовниот систем. Овој историски гест од страна на Република Бугарија би требало да ги одрази вредностите кои ги има прифатено како членка на ЕУ. Во оваа смисла, ќе се врати ситуацијата од 1946 година кога е признаено постоењето на македонското малцинство на територијата на Република Бугарија (од времето на Георги Димитров).

4. Република Бугарија да пристапи кон сериозно преиспитување на содржините на наставните програми на сите нивоа од образованието со цел објективно рефлектирање на историските факти и исфрлање на содржините кои го негираат постоењето на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонското малцинство на територијата на Република Бугарија.

5. Република Бугарија ќе се извини на Република Северна Македонија за окупацијата во текот на Втората светска војна, жртвите на таа окупација и штетите нанесени во текот на окупацијата. Посебно извинување ќе се упати на еврејската заедница во Република Северна Македонија, чии припадници се депортирани од страна на бугарските окупациони власти во текот на Втората светска војна од територијата на денешна Република Северна Македонија.

 Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

Next Post

Зибери: Пристапот до правдата во време на пандемијата беше ограничен

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk