Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска ќе го презентира извештајот на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2021 година.
Како дел од ФРАНЕТ, ЕПИ втора година по ред го изработува придонесот за Северна Македонија кон годишниот извештај за темелни права на Агенцијата. Покрај презентацијата на наодите, панелистите и панелистките ќе дискутираат и за главниот тематски фокус на овој извештај – влијанието на КОВИД-19 пандемијата врз темелните права.
Организаторите најавуваат дека на настан ќе присуствуваат и народниот правобранител Насер Зибери и министерот за правда Бојан Маричиќ./МИА/.