Партијата СДСМ од денеска има пратеник плус во Собранието, односно во пратеничката група. Пратеникот од ДОМ Мирослав Богдановски, поднесе оставка од функцијата, којашто е констатирана и потврдена и од страна на ДИК. Следна пратеничка на листата која станува пратеник е од СДСМ, Даниела Николова, со што партијата ќе има еден пратеник повеќе во парламентот.
Пред почетокот на 45-та седница, претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше пратениците за оставката на пратеникот Мирослав Богдановски од Демократска обнова на Македонија – ДОМ.
Џафери ги задолжи службите да се упатат во Државната изборна комисија (ДИК) со информација дека на Мирослав Богдановски му е прекинат мандатот. Согласно надлежностите, ДИК треба да достави извештај и потоа да се верфицира мандатот на новиот пратеник, од соодветната листа.