ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трејлерите за серијата „Фондација“ на Исак Асимов ги воодушевуваат љубителите на научна фантастика

June 30, 2021 20:01
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена по најавата дека на 24 септември ќе започне со емитување на ТВ-серијата „Фондација“, адаптација на реномираната серија научнофантастични романи на Исак Асимов, „Епл Тв“ ги објави и првите трејлери.

Видео клиповите ги пречека широко одобрување од заедницата на љубители на научна фантастика, кои очекуваат квалитет и влијание слично на „Игра на тронови“.

Првиот трејлер, објавен на 22 јуни, веќе има над 12 милиони гледања, додека вториот за само еден ден се наближува до еден милион. Во нив се прикажани сцени од првите три епизоди на серијата.

Американскиот писател и научник Исак Асимов почнал да објавува кратки приказни од светот на „Фондација“ 1942 година. Помеѓу 1952 и 1953 година ги објавил првите три книги во форма на трилогија, која по 1981 година беше надополнета со четири нови романи сместени пред и по основното дејство, со кои се прави и поврзување со другите негови серии романи и раскази, за роботите и за галактичката империја.

Основна тема на серијата „Фондација“, чие дејствие се одвива десетици илјади години во иднината, е распадот на општествениот поредок во еден систем обременет со корупција и напорите за повторно воспоставување галактичка цивилизација од една група активисти и научници, кои промовираат зачувување и унапредување на знаењето и човековите права.

Многу од делата на Асимов, кој почина 1992 година, беа преведувани во времето на Југославија, при што за серијата „Фондација“, односно „Задужбина“ на српски, постоеше консензус дека претставува ремек-дело на научнофантастичниот жанр.

Во текот на 2019  и 2020 година, издавачката куќа „Паблишер“ од Скопје ги објави на македонски јазик првите два дела од оригиналната трилогија – „Фондација“ и „Фондација и империја“. Истите се достапни во книжарниците низ земјава.

Со тоа е премостена празнината од скоро три децении од објавувањето на првата книга од серијата за роботите, „Челични пештери“ на „Детска радост“ во 1988 година, која може да се најде и во некои од јавните библиотеки. Во меѓувреме беше најавено објавување на уште неколку изданија од разни издавачи, но ниту едно од нив се нема појавено во книжарниците.

извор: мета.мк

Next Post

Вечерен преглед: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, Шар Планина е нашиот четврти национален парк

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk