Министерката за образование и наука Мила Царовска во рамките на “Преспа Форум за Дијалог“ му додели специјално признание за исклучителен придонес во меѓународната промоција на Република Северна Македонија, на поранешниот австрискивицеканцелар и координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа ЕрхардБусек.
“Од името на Владата и на Министерството за надворешни работи на СевернаМакедонија ви го врачувам ова признание и искрено ви се заблагодарувам за вашатабезрезервна, посветена и силна поддршка што ја дадовте и сé уште ја давате на нашатаземја. Ние помладите генерации политичари треба да го следиме вашиот пример и даучиме од вашето богато искуство со што ќе придонесеме за силно партнерство изаеднички напредок на регионот”, рече Царовска.
Бусек е еден од силните поддржувачи на ЕУ интеграцијата на земјите од ЗападенБалкан. Исто така Бусек беше координатор на Југоисточната иницијатива за соработка и Претседател на институтот за Дунавскиот регион и Централна Европа.





