ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Швајцарија со нова финансиска поддршка за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан

July 1, 2021 18:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со договорот што денеска беше потпишан во Тирана, Фондот за Западен Балкан доби финансиска поддршка за зајакнување на соработката и засилување на размените во регионот, јави дописничката на МИА од Тирана.

Договорот, вреден 900.000 евра го потпишаа швајцарскиот амбасадор, Адријан Мајтре и директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓи Мура, а се однесува за поддршка на активностите на Фондот за следните пет години.

-За да се постигне мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан, првиот услов е целиот регион и неговите граѓани меѓусебно да соработуваат. Фондот за Западен Балкан помага за кохезијата во регионот и придонесува за интеграција во ЕУ, рече амбасадорот Мајтре.

Директорот на Фондот, Мура изрази подготвеност за натамошно партнерство меѓу земјите.

– Ние ќе го зачуваме и унапредуваме ова партнерство како нешто многу вредно. И ве уверувам дека Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан, кој ги застапува шесте министерства за надворешни работи од Западен Балкан, има целосна волја и мотивација да биде сериозен и сигурен партнер во овој процес, бидејќи ние се обврзуваме на моделот луѓе со луѓе во овој регион, за доброто на сите, рече Мура.

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, претставувајќи го претседателството на Конференцијата на министрите за надворешни работи кое раководи со Фондот за Западен Балкан, искажа благодарност за оваа поддршка.

-Благодарни сме за оваа поддршка, што покажува колку стана стабилно партнерството во Фондот за Западен Балкан и колку е трансформиран во долгорочна соработка. Во име на шесте договорни партнери, ве уверуваме во нашата целосна посветеност во полза на народите од Западен Балкан, рече Марковски.

Со новиот договор, покрај зајакнувањето на организациската структура и управувањето, швајцарската поддршка ќе се насочи и кон поефикасно финансирање на заеднички проекти и иницијативи во регионот.

Фондот на Западен Балкан е прв фонд создаден од владите на земјите во овој регион, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Финансиски поддржува мали и средни проекти со главна цел зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во четири клучни области, образование и научни размени, културна соработка, прекугранична и младинска соработка и одржлив развој.

Членовите на персоналот доаѓаат од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Тирана.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk