ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими: Побрз раст на економијата и на стандардот највисоко на листата на приоритети

July 2, 2021 10:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економски развој, како и во евроатланските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со помошникот државен секретар  и заменикот помошник секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт Департментот на САД, Филип Рикер и Метју Палмер, и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз што се одржа на маргините на Преспа форум дијалог.

Како што информираат од Министерството за финансии, на средбата, на која се разговараше за соработката меѓу двете земји и за перспективите на нашата економија, Бесими посочи дека 2021-ва ќе биде година на заздравувањето, по што ќе се стремиме кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда.

-Приоритетите кон кои е насочена Владата и Министерството за финансии е постигнување на повисоки стапки на економски раст од 4 до 5 отсто годишно, како и раст на платите за 20 до 30 отсто на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе целиме преку спроведување на фискална политика на среден рок, која ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Во оваа насока веќе е направен значаен исчекор преку подготовка на соодветна легислатива која ќе биде база за спроведување на овие реформи како: новиот Закон за буџети, кој е усвоен од страна на Владата, подолгорочна Фискална стратегија и Стратегија за управување со јавниот долг, Стратегија за даночна реформа, како и амбициозен повеќегодишен инвестициски план, рече Бесими.

Од аспект на зголемување на инвестициите, додаде, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање на зaздравување и забрзан раст, кој има за цел да ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање на приватен капитал.

-На тој начин побрзо ќе може да се постигне планираната развојна агенда, а истовремено ќе може да се спроведе и фискална консолидација, потенцира Бесими.

На средбата од двете страни беше изразена заложба за продолжување на добрата соработка и партнерство, како и поддршка за реализација на приоритетите во градење на подобро општество и посилна економија.

Next Post

Ричард Бренсон со лет до Вселената на 11 јули

НАЈНОВО

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk