Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР – Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР – Битола на вчера го лишиле од слобода 29-годишниот битолчанец А.Б., поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп.
Како што информира МВР, при кражбата, осомничениот од обложувалницата одзел метален сеф со пари.
– Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка, се додава во соопштението.




