Инсерти од вежбата на Армијата со Црвениот крст, за изведување на планински спасувачки операции во случај на планински несреќи.
Во преспанскиот регион, припадниците на воздухопловниот ВИНГ, заедно со Планинската спасувачка служба на Црвениот крст реализираат вежба за изведување на планински спасувачки операции во случај на планински несреќи.
Како што информираат од Министерството за одбрана, беше изведена спасувачка операција на симулирана несреќна на параглајдеристи на непристапен терен на карпа и во езерото. Вежбата опфаќа извежбување на спасувачки операции со хеликоптер, со цел зголемување на ефикасноста за координирано делување во случај на комплексни несреќи на планина.





