ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Вложуваме за подобри услови за живот, нова противпожарна опрема и возила за Берово и Пехчево

July 6, 2021 14:45
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Берово, Николовски, присуствуваше на предавањето на донацијата од страна на Амбасадата на Швајцарија, како и од Швајцарската агенција за развој и соработка, за Територијалната противпожарна единица Берово и за подружниците на ЈП „Национални шуми“ во Берово и Пехчево за справување со шумски пожари.

Донацијата се спроведува како еден од приоритетите дадени во акцискиот план на пилот „Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот Регион“, подготвен во рамки на  „Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од „Фармахем” од Скопје.

Преку оваа донација, Територијалната противпожарна единица Берово, доби четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.

Вицепремиерот Николовски посочи дека ваквата донација е особено важна за Малешевскиот Регион, за безбедноста на граѓаните и заштитата на шумите од пожари.

„Новите противпожарни возила, како и целокупната донација од нашите меѓународни поддржувачи, се од исклучителна важност не само за екипираноста на беровската Територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја, за пожарникарите и за заштитата на животната средина. Владата континуирано вложува во подобрување на условите за живот во секоја општина, во секој сегмент што е важен за секојдневниот животот на граѓаните. Истовремено високо на нашите приоритети е и заштитата на природата. Донациите од овој тип, од нашите меѓународни пријатели, се голема помош и поддршка за нас во исполнувањето на овие цели“, изјави вицепремиерот Николовски.

Во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Техада, ја потенцираше важноста на Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот Регион, како развоен стратешки план кој е подготвен со партиципативен пристап, со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот, подготвен како една од повеќето пионерски активности на национално ниво, како и континуираната поддршка на Швајцарија во изминатиот период  „Швајцарија ја поддржува Северна Македонија во областа на заштита и зачувување на природата многу години. Во последните десет години, оваа поддршка се спроведува преку Програмата за зачувување на природата, со главен фокус на Регионот Брегалница. Многу пионерски активности се започнати и спроведени во овој регион и постигнати се прекрасни резултати за кои сите сме многу горди“, изјави амбасадорката Сутер Техада.

Градоначалниците на Општините Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски посочија дека оваа донација е од голема помош за противпожарната единица и е од големо значење за овој регион, особено што досега противпожарната единица имаше дотраена опрема и возила, а со новите возила и опрема, ќе се придонесе за унапредување на работата на единицата, за зачувување на шумите, превенција од пожари и навремено постапување во критични ситуации.

На настанот беа присутни и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулијана Николова, заменичката-директорка на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова ,како и претставници на надлежните институции во Република Северна Македонија на национално и локално ниво, министерства, јавни претпријатија, кои имаа можност  да се запознаат со комплетната опрема за мониторинг, превенција и брза интервенција во справувањето со шумски пожари, која ќе придонесе за зголемена ефикасност на Општините Берово и Пехчево и подружниците на ЈП „Национални шуми“ во справувањето со шумски пожари, и ќе ја подигне на едно повисоко ниво противпожарна заштита во Регионот на Малешевијата.

Во рамки на посетата на Берово, вицепремиерот Љупчо Николовски заедно со министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Техада, градоначалниците на Берово и Пехчево, беа во посета на новите простории на Домот за стари лица во Берово, „Иван Влашки“, чијашто цел е подобрување и унапредување на квалитетот на живот на старите лица, здравјето и психофизичката состојба, како начин на подобрување на системот на социјална заштита на старите лица во Источниот Регион и воспоставување на вонинституционална заштита и формирање на дневен центар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk