Балканот е новата надеж на Европа. Конфликтите во регионот се минато, соработката е нашата сегашност и иднина, објави премиерот Заев на Фејсбук, со видео инсерти од првиот „Песпа форум дијалог“.
„Во времиња на глобални предизвици, со Договорот од Преспа испративме глобална порака за дијалог и мир. Го надминавме минатото исполнето со недоверба, за да градиме заедничка иднина.“, се наведува во објавата од премиерот Заев.