ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДЗР: Издавањето на Б-Интегрирани еколошки дозволи не овозможува целосна контрола над загадувањето

July 8, 2021 11:27
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките и активностите преземени од страна на надлежните институции за издавање на Б-интегрирани еколошки дозволи не се доволно ефективни за воспоставување на интегриран систем за спречување и контрола на загадувањето од индустриските активности и целосно почитување на начелата за животната средина, истакнаа од Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките и активностите за издавање на Б-интегрираните дозволи” за да се даде одговор на прашањето „Дали со Б-интегрираните еколошки дозволи се овозможува интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина од индустриските активности?‘‘

Ревизијата на успешност е извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година, а се однесува на периодот 2017-2019 година, иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2017 година и последователно до денот на известување од извршената ревизија.

– Во периодот 2017 – 2019 година од страна на субјектите предмет на ревизијата наплатени се надоместоци во вкупен износ од 7,4 милиони денари. Кај сите субјекти ревизорите утврдиле различно толкување и начин на примена на подзаконските акти, што се одразува на точното и воедначено пресметување на надоместокот. Различниот начин на пресметување на надоместокот, доведува до
нееднаков третман на операторите на инсталации кои се должни истиот да го плаќаат, а истовремено влијае на неправилно и нецелосно почитување на начелото „загадувачот плаќа‘‘, наведоа од ДЗР.

Од Заводот посочија дека кај поголем дел од субјектите не е воспоставена сметководствена евиденција на побарувања од операторите на инсталации, што не овозможува нивно следење и редовна наплата.

– Отсуството на соодветна евиденција не овозможува во случај на ненаплатени побарувања навремено опоменување или одземање на дозволата, додадоа од ДЗР.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека, Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од општините имаат воспоставено режим на издавање интегрирани еколошки дозволи, но недостасува интегриран систем и контролен механизам кој во целост ќе ги опфати индустриските инсталации кои со своите активности емитуваат штетни материи во животната средина.

– Иако е познат вкупниот бројот на активни деловни субјекти распределени во сектори на дејност (75.914 субјекти) согласно Националната класификација на дејностите, не е познат бројот на деловни субјекти кои вршат активности за кои е потребно да поседуваат Б-Интегрирана еколошка дозвола (Б-ИЕД). Дополнително, дел од инсталациите кои поседуваат дозволи за усогласување со оперативен план
(ДУОП) нецелосно го запазиле или пак не го испочитувале законскиот рок за обезбедување на Б-ИЕД, што им овозможува да продолжат со активностите кои имаат неповолно влијание врз квалитетот на животната средина, наведоа од ДЗР.

Од таму посочија дека индустриските инсталации кои работат без интегрирани еколошки дозволи (ИЕД)
не овозможуваат да се контролира целокупното загадување кое тие го предизвикуваат и постои ризик преку своите активности да ги надминуваат определените дозволени гранични вредности на загадувачки супстанции што предизвикуваат штетни последици за животната средина, живото и здравјето на
луѓето.

– Една од причините за утврдените слабости во начинот на издавање на Б-ИЕД е недоволната кадровска екипираност во општините и инспекциските служби, како и недостатокот на обуки и конкретни насоки за постапување во областа, истакнаа од ДЗР.

Нагласија дека со оглед на тоа дека интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина е комплексна област која бара значителни стручни познавања, разликите во содржината на дозволите, најчесто се заради различните видувања, стручни знаења, искуства и обученост на вработените лица чии работни активности се непосредно поврзани во издавањето на дозволите.

– Ваквиот начин на постапување предизвикува не воедначен пристап при издавањето на дозволите и претставува ризик од постоење на субјективизам при дефинирање на нивната содржина, што истовремено неповолно се одразува при вршењето на мониторингот и надзорот над инсталацијата, како и при пресметката на надоместоците кои операторите на инсталациите треба да ги плаќаат, наведоа од ДЗР.

Со извршената ревизија, во областа мониторинг, надзор и известување, ревизорите утврдиле дека надлежните институции не донеле Стратегија за мониторинг на животната средина и Програма за мониторинг на животната средина, кои се значајни за дефинирање на насоките за воспоставување на
систематско набљудување, испитување и оценување на загадувањето и состојбата, како и регистрирање и идентификување на изворите на загадување на медиумите и областите на животната средина.

Во извештајот се наведува дека недоволната застапеност на надзорните активности од надлежните институции влијае на ненавремено откривање, спречување и контрола на загадувањето на животната
средина предизвикано од индустриските инсталации.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека во рамките на проектот „Развој на мониторинг и информативен систем за животна средина” предвидено е да се донесе стратегија за мониторинг на животната средина.

извор: МИА

Next Post

Главната ѕвезда на фестивалот во Кан

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk