ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Блокирано носењето на законите за отпад на собраниската Комисија за европски прашања од страна на ВМРО-ДПМНЕ

July 9, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја прекина седницата на која требаше да бидат разгледани во второ читање пакетот закони од областа на управување со отпад.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците со поддршка од ЛДП со 8:7 гласа „за“ ги надгласаа членовите од владеачкото мнозинство за повлекување од дневен ред на предлог-законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад. Како што појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е направерно согласно барањата на здруженијата на граѓани и Иницијативата О2, со образложение дека прво е потребна широка јавна дискусија на овие теми, а потоа изјаснување во Собранието.

Од СДСМ сметаат дека блокирањето на законите е неосновано. Пратеничката од СДСМ и член на оваа Комисија Снежана Калеска Ванчева за МИА изјави дека на седницата јасно го кажале нивниот став дека поддржуваат и се залагаат што поскоро да бидат усвоени целиот пакет закони кои што се од областа на екологијата, бидејќи, вели, тие не само што се со европско знаменце, значи транспонираат европски регулативи и директиви, туку се плод на една широка дебата и дискусија и потребата која ја има нашата држава од конечно регулирање на начинот на кој што ќе се справуваме со отпадот и со заштитата на животната средина.

-Не сметаме дека има потреба од какво било одлагање и какви било дополнителни расправи затоа што овие закони се во процес на драфтирање од 2019 година, учествуваа сите засегнати страни, многу нивни предлози и забалешки беа вметнати и тие кога дојдоа до собраниска процедура, веќе сите бевме свесни што е и како е. На расправата која што ја имавме на Комисијата за европски прашања во прво читање никој не кажа дека има потреба од повторна јавна расправа, дека треба да го закочиме процесот, напротив сите беа за со тоа што како СДСМ поддржавме одредени амандмани од ДОМ за одредено подорување каде сметавме дека треба да има подобрување и особено за точката за забрана за увоз на отпад, иако законот е спреман согласно Директивата на ЕУ, но ние заклучивме дека како држава не сме доволно спремни и немаме доволно изградени механизми за да имаме вистинска контрола на увозот на отпад, вели Калеска Ванчева.

Таа дополни дека тој амандман го поддржале а го прифатило и Министерството за животна средина и самиот ресорен министер. Во однос на барањето изнесено вчера од невладините организации да се одложи читањето на законите и да се одржи уште една јавна расправа, а законите да се носат по локалните избори, Калеска Ванчева оцени дека е нелогично.

За поддршката од ЛДП на опозицијата да се симнат двата закона од дневен ред вели дека е изненадување за нив.

-Ова е изненадување за нас. Зошто се приклучија тие не дадоа објаснување ниту ни најавија нешто дека ќе имаат спротивен став. Затоа и се одложи седницата. Ќе имаме дополнителни разговори. Но ние остануваме на ставот дека законите се спремни за носење и дека се во интерес на заштита на човековата околина, Тие добија позитивни оценки и надвор и внтаре во државата, вели Калеска Ванчева.

Во следниот период очекува да бидат „испеглани работите“ и дека ќе се продолжи со носење на законите.

Според ЛДП, апсолутно не станува збор за никакво надгласување, како и дека ги поддржуваат барањата на здруженијата на граѓани за организирање на јавна расправа по предлог-законот за управување со отпад.

– Како народни претставници мораме да носиме законски одредби кои ќе поминат низ една широка расправа во која ќе бидат опфатени сите засегнати страни. За нас е многу важна заштитата на животната средина и затоа сметаме дека е здраво за демократијата во Собранието да се слушне гласот на екологистите, велат од ЛДП.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини пред почетокот на собраниската комисиска расправа на пакетот закони за управување со отпад изјави дека деновиве разговарал и имал средби со пратениците по што дошле до заклучок дека на комисиската расправа заедно со пратениците ќе направат измена за забрана на увозот на РДФ, бидејќи постои сомнеж, вели, дека не сме подготвени за соодветна имплементација на предвидената регулација.

-Овие закони со кои ги транспонираме европските стандарди во управувањето со отпадот воведуваат јасни и финансиски обврски за сите производители на отпадни производи, воведуваат циркуларна економија, селекција и рециклирање, предвидуваат современ и строг регионален систем за управување со отпадот со минимално количество на депониран отпад. Овој пакет закони беше изработуван со години со помош на национални и странски експерти, е јавно достапен од 2019 година и беше консултиран на многу средби, на три официјални јавни расправи со физичко присуство на претставници на локалната самоуправа, комуналните претпријатија, стопанската комора, невладиниот сектор и граѓаните, чии коментари и предлози беа разгледувани и прифаќани и се исто така јавно објавени. Овие закони се можеби едни од најдолго и широко консултираните со јавноста, а јас не пропуштав да ги презентирам во речиси сите мои јавни настапи и гостувања, вели Нуредини.

Денеска на предложениот дневен ред на Комисијата за европски прашања беа во второ читање повеќе предлог-закони од областа животна средина и тоа: Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Предлог на закон за управување со отпадот,
Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Предлог на закон за управување со електрична и електтронска операма и отпадна електрична и електронска опрема.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk