ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народниот правобранител апелира до организаторите на протести да внимаваат на инволвирањето на децата

July 9, 2021 12:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител апелира до организаторите на протести, од било кој вид, како и до родителите/старателите да внимаваат во поглед на инволвирање на децата во истите.

-Имајќи го предвид  значењето на семејството за целосниот и хармоничен развој на личноста на детето, како и примарната улога на родителите/старателите во заштитата и унапредувањето на интересите и правата на детето, Народниот правобранител почитувајќи го правото на децата да го искажат своето мислење и несогласување за сите важни прашања од општественото живеење, укажува да не се занемари можноста од нивна злоупотреба, што е недозволиво и спротивно на нивниот најдобар интерес, се вели во апелот од Народниот правобранител.

Сликите во кои деца присуствуваат на протести, како и слики во кои деца носат транспаренти, иако се уште не знаат да читаат и пишуваат, Народниот правобранител ги смета за непримерни, поради што упатува посебен апел до родителите/старателите со крајна внимателност да пристапуваат кон вклучување на децата во вакви настани, со цел да не им ги прекршуваат правата и да ги заштитат од секаков вид на злоупотреба која може штетно да влијае на нивниот развој, на што упатува и Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител, исто така, потсетува дека секое дете треба да биде подготвено за одговорен живот во слободно општество, во духот на разбирање, мир, толеранција, еднаквост и почитување на различностите, но носењето на децата на протест/и не е единствениот начин, истите да се научат да мислат критички и да го изнесат своето несогласување со одредени појави, односно истото јавно да го манифестираат.

Овој апел, се вели во соопштението, Народниот правобранител посебно го упатува  и кон политичките партии, на кои им претстојат избори за локалната власт, од причина што во последните години забележан е тренд на инволовирање на децата во спотовите од кампањите, но и нивно учество на митинзите, со што меѓу другото се постапува спротивно на Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба и Декларацијата за заштита на правата на детето донесени од Собранието, во 1991 и 2003 година.

извор: МИА

Next Post

Заев-Пајат: Енергетиката и стратешкото партнерство во фокус на средбата

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk