Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Никогаш нашата земја немала толку силно изразена поддршка од целиот свет како што ја имаме денес и почит што ја добиваме како народ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која вечерва се одржува во Валандово. Според Заев, потврда за тоа е Преспа форумот за дијалог со учество на светски државници, лидери и општественици кои, како што рече, дадоа почит на сето она што го правиме во Северна Македонија.
Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлуката.
Ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита, смета министерот за здравство Венко Филипче. Според него, вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација, вели Филипче.
Се ближи шпицот на туристичката сезона. Луѓето веќе ги користат летните одмори. Повеќето заминуваат за Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, но некои патуваат и подалеку, во Турција, Египет, Италија. Според актуелните бројки, КОВИД-кризата полека стивнува, но не престануваат предупредувањата за ширењето на новиот делта сој. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски очекува годинава да покаже малку поинакво лице и поголем оптимизам. Пандемијата, вели, ќе отвори нови граници, хоризонти и можности, но од нас зависи дали и како ќе ги искористиме.
М. Миткоска
			




