ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Драстично намалени нарачките од странство за текстилни производи, компаниите се спасуваат од колапс со откази

July 11, 2021 14:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Работничка во текстилна фабрика. Фото: МИА

Работничка во текстилна фабрика. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На илјадници вработени во текстилната индустрија во државава во текот на јули им се закануваат откази, а главната причина е драстично намалениот обем на работа поради малите или стопираните нарачки од партнерите од странство. Оваа ситуација трае од лани поради ковид кризата и затворањето на пазарите. Но, и покрај делумното стабилизирање на економиите, сѐ уште нема нарачки за текстилни производи кај македонските фирми, кои 90 отсто се ориентирани кон извоз. Па, спасот од финансиската криза голем дел компаниите го гледаат во намалувањето на трошоците за работа, преку откази на вработените или технолошки вишоци, покажуваат согледувањата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Според ОРМ, оваа ситуација ќе потрае уште најмалку една година, информира Мета.мк.

Ова го посочува Ангел Димитров, претседател на ОРМ, воедно и директор на текстилната фабрика „Мода“ од Свети Николе. Тој за Мета.мк вели дека во фабриката веќе 50 вработени добија откази, односно не им беше продолжен договорот за работа, а 460 се на принуден одмор. Димитров вели дека е тоа неминовен процес во моментов, поради редуцираното на целото производство за 50-тина проценти, во однос на 2020, кога се работеше само за залиха, а за многу повеќе во споредба со неколку години претходно. Поради ваквата состојба, дел од домашните капацитети лани се преориентираа за производство на заштитна облека за армијата и за болниците, но тоа е незначителен финансиски ќар и мала искористеност на капацитетите, објаснува тој. Од друга страна, вели дека ваквите нарачки одат преку тендери, за што се губат најмалку 4-5 месеци.

„Нема работа. Се заканува крах на текстилната индустрија и само во текот на овој месец околу 10.000 вработени ќе бидат прогласени за вишок. Ако сакаме да го спасиме барем малото „здраво ткиво“ што остана, мора да го намалиме бројот на вработените. Тоа секако ќе го направиме според законски прописи и со бодирање, зависно од социјалната положба на вработениот, за што е во тек подготовка на списоци. Дадовме опција за оние кои сакаат доброволно да си заминат и на оние кои се пред пензија, на кои ќе им поделиме седум плати. Оние пак, кои ќе се прогласат за технолошки вишок, ќе бидат обесштетени од државата, поточно заводот за вработување, зависно од стажот“, вели Димитров.

Тој додава дека ваквата кризна состојба ќе трае и ќе продолжи и в година, можеби и подолго, ако повторно наесен дојде до нова ковид пандемија. Како претседател на ОРМ, Димитров вели дека секоја текстилна фирма ја решава сопствената кризна ситуација зависно од своите финансиски можности. Тие што имаат пари, им делат по неколку плати на работниците кои ќе ги отпуштат, согласно Законот за работни односи, но во спротивно, фирмите „спасот“ многу скоро ќе го најдат во стечај или ликвидација.

„Поддршката од Владата за исплата на плати, не ја подобри состојбата во текстилот, затоа што таа важеше само за февруари и за март. Од Владата ни најавија дека помош може да очекуваме само со бескаматни кредити за производство, што е засега неприфатливо. Затоа што, за да се вратат кредитите, треба да има продажба, односно нарачки од странските партнери, а тоа нема“, посочува Димитров.

Од „Гласен текстилец“, Здружението на граѓани на текстилната, кожарската и чевларската индустрија за Мета.мк велат дека ја следат состојбата со вработените во текстилот и со отпуштањата што се во тек. Велат дека има некои фабрики во Штип кои имаат работа во овој период. Главниот проблем за ваквата ситуација во која се најде текстилната индустрија, според Кристина Ампева од „Гласен текстилец“, е што 30 години наназад фабриките не се обидоа да инвестираат во модернизација и автоматизација на производството и во сопствени брендови. Сега, со ковид кризата, се покажа дека тоа ќе им помогнеше за брзо преориентирање кон други пазари и за финансиска стабилност.

„Во однос на отказите, малку фирми досега постапија согласно Законот за работни односи и ги запазија законските формалности во случај на отказ од деловни причини и поделија испратнини на работниците. Има(ше) и такви кои направија изигрувања и кршење на ЗРО, ја пререгистрираа фирмата само за да не дадат плати и слично. Во соработка со финансиската полиција, УЈП и ДПИ, ние реагираме онаму каде што имаме сознанија за законски прекршувања. Во некои фирми, тоа дава резултати. „Глаен текстилец“ ќе бара измени во Законот за прекршоци кој сега предвидува многу ниски казни за работодавачите за незаконски отпуштања и за други изигрувања на штета на работниците. Односно, ќе бара повисоки парични казни и други санкции кои треба да се сметаат за кривично дело“, вели Ампева.

Текстилната индустрија и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37.000 работници и опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот извоз на земјава, посочија од Стопанската комора на Северна Македонија(СКМ). Индустриското производство на текстилот и на облеката во 2020 година е намалено за околу 14 отсто, во однос на 2019. Исто е и со бројот на вработените во овие дејности, при што во јануари 2021 година има намалување од 5,4 отсто во однос на јануари 2020 година. Од СКМ објавија дека извозот на текстил, облека и на кожарски производи за 2020 година изнесувал 493 милиони евра и е намален за 10,6 отсто, или за 58 милиони евра во споредба со претходната година, кога изнесувал 551 милиони евра. 

Според Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од годинава, во производството на текстил индексот на бројот на вработените е 98,2, односно е помал за 1,8 отсто, а во производството на облека е 93,3, или помалку за 6,7 отсто, во споредба со истиот период во 2020 година.

Индексот на вработените во индустријата, пак, е помал за 2,7 отсто и изнесува 97,3.

Next Post
V.S.S Unity за време на тест летот на 22-ри Мај

ВО ЖИВО: Долго очекуваниот тест лет до вселената на компанијата „Вирџин Галактик“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk