ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за преговори со ЕУ

July 11, 2021 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за „Еуроњус“ оценува дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Маричиќ во интервјуто, дадено за време на неговата дводневна посета на Тирана, истакнува дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработката во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажирираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството, процесот на проверка што тече во Албанија и процесот на филтрирање. Размислуваме како да се зајакне соработката меѓу нашите академии и како да се зајакне регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, вели Маричиќ.

Додава дека за разлика од Албанија, каде е спроведен ветинг во судството, кај нас, според утврдена методологија, Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега се разрешени 13 судии бидејќи самото судско тело донело одлука дека тие постапувале нестручно или несовесно.

На прашањето за застапеноста на албанската заедница во судството, Маричиќ посочува дека многу клучни позиции во судството се раководени од Албанци и дека клучно за нивниот избор се стручноста и искуството.

– Можам да кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница. На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседател на Врховниот суд, највискиот суд во нашата земја, е Албанка. Повеќе членови во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители исто така. Затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и во правниот систем воопшто, вели министерот Маричиќ во интервјуто.

извор: МИА

 

Next Post

Информации за теренската вакцина која стартува од утре

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk