ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР и РСБСП со кампања за зголемена безбедност во сообраќајот

July 11, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) продолжуваат со засилени едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли на сообраќајната полиција, се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. „Безбедноста во сообраќајот  на прво место“, „Не го потценувај заморот. Вози одморен! “, „Не вози под дејство на алкохол“, „Намали ја брзината, затоа што брзото возење изнудува грешки кои завршуваат фатално!“, се дел од пораките кои МВР и РСБСП овој викенд ги упатуваа  до учесниците во сообраќајот во Битола со цел подигање на свеста за важноста и за потребата од одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да разберат колку е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи затоа што само на тој начин, преку јакнење на колективната свест, и колективното разбирање може да го направиме сообраќајот побезбеден за сите.

РСБСП и МВР продолжуваат со активностите во рамките на Летната кампања. Сообраќајно превентивните активности се наменети за сите учесници во сообраќајот. Укажуваат на влијанието на заморот на безбедноста во сообраќајот.

– Со помош на таканаречени  „Пијани  наочари“  кои симулираат перцепција  на лице под дејство на алкохол, укажуваме на ризикот, опасноста и последиците од возењето под дејство на алкохол, укажуваме и  на последиците од брзото и агресивно однесување во сообраќајот.  Учесниците во сообраќајот даваат поддршка  за кампањата и веруваме дека сите вложени напори од РСБСП и МВР на крајот ќе резултираат со намалување на бројот на сообраќајни незгоди, изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на денешниот настан во Битола.

Тони Ангеловски, портпарол на МВР најави дека продолжуваат превентивните и  репресивни теактивности. Тој потенцира дека во активностите кои што ги реализираат со РСБСП ги потсетуваат граѓаните дека безбедноста во сообраќајот, покрај другото е лична обврска и лично право на секој учесник во сообраќајот, и секој кој што учествува во сообраќајот е должен да ги почитува сообраќајните правила и прописи.

– Најголем дел од граѓаните се одговорни и совесни учесници во сообраќајот, но за жал се уште имаме учесници во сообраќајот кои возат под дејство на алкохол, управуваат моторно возило без возачка дозвола или ги прекршуваат правилата за ограничување на брзината.  За ваквите возачи нема место во сообраќајот и  ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќајот. Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот на територијата на целата држава имаме 434 санкции за возење со поголема брзина од дозволената. Синоќа пак, во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 231 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а од нив 35 на територија на СВР Битола. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот, рече Ангеловски.

извор: МИА

Next Post
Работничка во текстилна фабрика. Фото: МИА

Драстично намалени нарачките од странство за текстилни производи, компаниите се спасуваат од колапс со откази

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk