Фабриката за управување со отпадот со иновативната технологија без загадувачки емисии во Неготино ќе го претвори ѓубрето во енергија и ќе ги затвори дивите депонии во 5 плански региони во земјата, вели Заев на дебатата за отворањето на фабрика за преработка на отпад во Неготино организирана од Општината и во соработка со граѓанските и организациите за животна средина со цел да се демантираат злонамерните и погрешни информации за оваа инвестиција која е дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата.
Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 години.
Владата очекува по денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија да се формираат функционални институции со кои ќе ги продолжи разговорите за отстранување на ветото на нашите евроинтеграции, а од Брисел кредибилен и предвидлив процес за интеграцијата на регионот во ЕУ. Заев надева дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици. Овие реконструкции се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат обновени вкупно 37 улици во општината.
Ѓорги Божиков е еден од илустраторите и дизајнерите кои преку јавниот повик на Бирото за развој на образованието се одбрани да работат на илустративната содржина во новите материјали за учење за прво и четврто одделение, чија изработка е во завршна фаза и во текот на летниот период истите ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за настава во новата учебна година. Божиков вели дека е предизвик да се работи на учебници за деца и дека за прв пат е ангажиран во својата земја. Досега неговите ангажмани претежно биле за изработка на илустрации во едукативни материјали надвор од државата.
M. Миткоска




