ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин

July 11, 2021 09:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 години.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во тек на вчерашниот ден е извршена теренска вакцинација во Специјалниот завод Демир Капија, при што вакцина против Ковид-19 добија лицата со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Прва доза во овој завод добиле 155 корисници, од вкупно 171 корисник  кои долгорочно престојуваат во установата и 55 вработени

– По препорака од одговорниот лекар од тимот за вакцинација, преостанатите корисници ќе бидат дополнително вакцинирани штом нивната здравствена состојба го дозволи тоа. Вработените од заводот и центрите за социјална работа ги обезбедија потребните согласности за вакцинација од родителите или старателите на корисниците. Дополнително, 55 вработени кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за корисниците, исто така, примија прва вакцина против Ковид-19. Во текот на април, како дел од критичната инфраструктура, повеќе од половина вработени во заводот веќе беа заштитени од ковид-19 со две дози вакцина, сопштија од МТСП.

Од Министерството за здравство информираа дека прва доза вакцина вчера примиле  7 751 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 9 213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245 231 граѓани. Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 54  проценти од населението над 70 години, 52  проценти над 65 години, 47  проценти над 60 години, како и 39  проценти од населението над 50 години.

Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје покажуваат дека во претходното деноноќие се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања. Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје. Починати пацинети како што соопштија од ИЈЗ вчера не се регистрирани, додека како оздравен е регистриран еден пациент од Прилеп.

Како што изјави претходно министерот за здравство Венко Филипче, ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита. Фокусот според него треба да биде во вакцинацијата, а не во живеењето со рестрикции.

Според најавата од Министерството за здравство, од утре треба да стартува и теренската вакцинација на населението преку мобилни пунктови, односно секој кој сака да се вакцинира ќе може тоа да го направи без закажан термин. Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk. Според препораките, за децата од 12 до 16 години за кои од денеска е дозволена вакцинација ќе се  имунизираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство од производителот го дозволува тоа.

-Вакцинирањето што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста и младите да го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход, порачуваат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 783. Бројката на оздравени пациенти е 150 124, на починати 5 487. Активни се 172 случаи со коронавирусот.

извор: МИА

Next Post

Павлова: Новата кредитна линија на ЕИБ треба да помогне во економското закрепнување на компаниите

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk