На илјадници вработени во текстилната индустрија во државава во текот на јули им се закануваат откази, а главната причина е драстично намалениот обем на работа поради малите или стопираните нарачки од партнерите од странство. Оваа ситуација трае од лани поради ковид кризата и затворањето на пазарите. Но, и покрај делумното стабилизирање на економиите, сѐ уште нема нарачки за текстилни производи кај македонските фирми, кои 90 отсто се ориентирани кон извоз. Па, спасот од финансиската криза голем дел компаниите го гледаат во намалувањето на трошоците за работа и преку откази на вработените.
Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО. Седницата, како што информираат од Министерството за култура, е посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион.
Ребалансот на Буџетот за 2021 година е важен чекот на патот на враќање на претходните стапки на економски раст, на поголема поддршка за економијата и граѓаните и целосно надминување на последиците од коронакризата. Повеќе пари за капитални проекти, повеќе пари за здравството, за образованието, за земјоделството, повеќе пари за нови мерки, повеќе пари за нови вработувања се клучните цели на овој ребаланс, вели Ковачевски.
Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија. Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.
Британскиот милијардер Ричард Бренсон денеска слета на Земјата без никакви проблеми откако помина неколку минути во вселенската орбита со леталото на неговата компанија Вирџин Галактик, реализирајќи го патувањето за кое отсекогаш сонувал и што претставува пресвртна точка кон вселенскиот туризам.
М. Миткоска





