ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Фабриката за управување со отпадот со иновативната технологија без загадувачки емисии во Неготино ќе го претвори ѓубрето во енергија и ќе ги затвори дивите депонии во 5 плански региони во земјата

July 11, 2021 10:24
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев учествуваше на дебатата за отворањето на фабрика за преработка на отпад во Неготино организирана од Општината и во соработка со граѓанските и организациите за животна средина со цел да се демантираат злонамерните и погрешни информации за оваа инвестиција која е дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата.

„Како дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата на Република Северна Македонија е инвестицијата во енергија од отпад, односно строго еколошка инвестиција без систем на издувни гасови, односно преку затворен систем без оџак, на која и претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот. Нагласувам станува збор за технологија која не го согорува отпадот па од него да се создаваат емисии на штетни гасови. Не, високите температури во печките го претвораат веднаш отпадот во гас кој потоа се користи за придвижување на гасни турбини за производство на електрична енергија, малку од отпадот што останува како цврста материја се употребува како материјал во градежната индустрија“, истакна премиерот Заев.

Станува збор, рече премиерот Заев, за иновативна технологија којашто доаѓа во нашата земја и фабриката што ќе биде изградена со оваа инвестиција не претставува никаква закана за почвата, за воздухот, за водата, а во постапката за изградба ќе бидат спроведени сите законски обврски и ќе бидат запазени сите пропишани стандарди за заштита на животната средина.

Инвестицијата дополнително вклучува 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери и асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво и на територијата на Општина Неготино.

Проценетата вредност на капиталот што ќе се инвестира од страна на Стратешкиот инвеститор изнесува 336, 6 милиони евра.

Овој проект претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини, односно од 5 плански региони во земјата. Станува збор за целосно странска приватна инвестиција, преку компанијата „Зока Енерџи Солушн“ – Неготино, по пат на Законот за стратешки инвестиции.

„Спротивно на сите погрешни разбирања, толкувања и дезинформации, цел на оваа инвестиција е заштита на животната средина, намалување на загадувањето и подобрување на добросостојбата и условите на живеењето преку преземање на собраниот отпад од надлежните комунални претпријатија, третирање на отпад и производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија со примена на нови технологии и иновации“, потенцираше премиерот Заев.

Во својата експликација за придобивките од овој стратешки инвестициски зафат за трајно и одржливо управување со отпадот во нашата земја, премиерот Заев рече со овој исклучително значаен проект ќе бидат затворени сите диви депонии.

„Тоа подразбира спречување на емисиите на отровни гасови, ќе запре загадувањето на почвата и подземните води, микробиолошкото загадување и ќе се спречи појавата на неконтролирани пожари во депониите од кои дополнително се загадува воздухот. Ќе запре загадувањето кое произлегува од палењето на земјоделскиот отпад на отворено. Конечно, како во напредните европски земји, ќе се создадат капацитети за трансформација на отпадот во обновлива енергија и суровини, а инвестицијата ќе го поттикне економскиот развој со отворање на нови работни места и ангажирање на голем број домашни компании. И уште една значајна придобивка, со оваа инвестиција ќе ги зголемиме можностите за намалување на користењето на фосилни горива како наша сериозна стратегија за максимално користење на обновливите извори на енергија“, истакна премиерот Заев.

Во завршницата на своето обраќање, премиерот Заев нагласи дека оваа инвестиција е одговор и на нашата обврска од преговорите за членство во ЕУ каде што прашањата за животната средина имаа посебно значење.

Покрај премиерот Заев, на дебатата за инвестицијата во фабрика за преработка на отпад во Неготино се обратија и градоначалникот на Неготино Тони Делков, Лазе Филипов, проект менаџер на „Зока Енерџи Солушн“ и Иво Креча, претставник на „Грин Инвесмент“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

July 18, 2025

Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

July 18, 2025

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk